إعدادات العرض
„Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, го проколнал мажот што носи женска облека и жената што носи машка облека.“
„Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, го проколнал мажот што носи женска облека и жената што носи машка облека.“
Ебу Хурејре, Аллах нека е задоволен со него, раскажува: „Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, го проколнал мажот што носи женска облека и жената што носи машка облека.“
[صحيح]
الترجمة
العربية বাংলা Bosanski English Español فارسی Français Bahasa Indonesia Tagalog Türkçe اردو 中文 हिन्दी Tiếng Việt සිංහල ئۇيغۇرچە Hausa Kurdî Português Kiswahili অসমীয়া ગુજરાતી Nederlands മലയാളം Română Magyar ქართული Русский Moore ไทยالشرح
Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, упатил дова за оддалечување и отстранување од Аллаховата милост за секој маж што се поистоветува со жените во облеката што е специфична за нив – било по изглед, боја, начин на носење, украсување или слично. Ова важи и за жената што се поистоветува со мажите во облеката што е специфична за нив. Таквото дело спаѓа меѓу големите гревови.فوائد الحديث
Еш-Шевкани рекол: „Забрането е жените да се поистоветуваат со мажи и мажите со жени, бидејќи проклетството се изрекува само за дело што е строго забрането.“
Ибн Усејмин рекол: „Она што е заедничко за двата пола – како некои видови блузи што ги носат и мажите и жените – не е спорно, односно дозволено е да ги носат и едните и другите, бидејќи не се сметаат за специфични за еден пол.“