إعدادات العرض
„Мелеците не влегуваат во куќа во која има куче и слики (на живи суштества).“
„Мелеците не влегуваат во куќа во која има куче и слики (на живи суштества).“
Ебу Талха, Аллах нека е задоволен со него, пренесува дека Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Мелеците не влегуваат во куќа во која има куче и слики (на живи суштества).“
الترجمة
العربية বাংলা Bosanski English Español فارسی Français Bahasa Indonesia Русский Tagalog Türkçe اردو 中文 हिन्दी ئۇيغۇرچە Kurdî Português සිංහල অসমীয়া Kiswahili አማርኛ ગુજરાતી Tiếng Việt Nederlands پښتو Hausa नेपाली ไทย മലയാളം Кыргызча Română Malagasy Svenska Српски తెలుగు ქართული Moore Magyarالشرح
Веровесникот, салаллаху алејхи ве селем, известил дека мелеците на милоста не влегуваат во куќа во која има куче или слика на живо суштество. Причината за тоа зашто сликите на живите суштества претставуваат голем грев и бидејќи со тоа се обидува имитација на Аллаховото создавање, а исто така можат да бидат средство што води кон ширкот. Некои од овие слики претставуваат идоли што се обожуваат покрај Аллах. Што се однесува, пак, до причината зошто мелеците не влегуваат во куќа каде што има куче, тоа е поради тоа што кучињата често конзумираат нечистотии, а некои од нив се нарекуваат „шејтани“, додека мелеците се спротивност на шајтаните. Дополнително, тоа се должи и на непријатниот мирис на кучињата, кој ги одбива мелеците, како и на фактот дека е забрането нивното чување. Оној што чува куче е казнет со тоа што му се одзема благодатта од присуството на мелеците на милоста во неговиот дом. Со тоа се лишува од нивните дови, нивното барање прошка за него, нивниот благослов за него и неговиот дом, како и од нивната заштита од штетата на шајтаните.فوائد الحديث
Забрането е чување куче, освен ако е наменето за лов, за чување на стока или за заштита на насади.
Прикачувањето слики на живи суштества е нешто што им создава непријатност на мелеците и ги спречува да влезат. Присуството на таквите слики во домот е причина за лишување од Аллаховата милост, исто како и чувањето куче.
Мелеците кои не влегуваат во куќа каде што има куче или слика се мелеци на милоста. Сепак, мелеците со други задачи, како што се оние што ги чуваат и запишуваат делата или мелекот на смртта, влегуваат во секој дом.
Забрането е поставување слики на живи суштества на ѕидови или други површини.
Ел-Хатаби рекол: „Мелеците не влегуваат во куќа каде што има куче или слика, доколку станува збор за кучиња и слики чие чување е забрането. Но, ако станува збор за куче за лов, за чување на стока или заштита на насади, или за слики што се користат како подлоги, перници или слично, тоа не го спречува присуството на мелеците.“
التصنيفات
Тевхид улухијје- тевхид на обожување