إعدادات العرض
тоа е крв од капиларите. Немој да го клањаш намазот онолку денови (во месецот) колку што вообичаено ти трае менструацијата, а потоа избањај се и клањај!‘“
тоа е крв од капиларите. Немој да го клањаш намазот онолку денови (во месецот) колку што вообичаено ти трае менструацијата, а потоа избањај се и клањај!‘“
Од Аиша, мајката на верниците, радијаллаху анха, се пренесува дека Фатима бинт Ебу Хубејш го прашала Аллаховиот пратеник, алејхи селам, кажувајќи му: „,Имам постојано протекување на крв и не можам да се исчистам, дали да го оставам намазот?‘ Тој одговори: ,Не, тоа е крв од капиларите. Немој да го клањаш намазот онолку денови (во месецот) колку што вообичаено ти трае менструацијата, а потоа избањај се и клањај!‘“
الترجمة
العربية Bosanski English Español فارسی Français Bahasa Indonesia Русский Türkçe اردو 中文 हिन्दी Tiếng Việt Hausa Português Kurdî Kiswahili සිංහල Svenska Čeština ગુજરાતી አማርኛ Yorùbá ئۇيغۇرچە ไทย پښتو অসমীয়া دری Кыргызча or नेपाली Malagasy Română Kinyarwanda বাংলা తెలుగు Lietuvių Oromoo മലയാളം Nederlands Soomaali Shqip Српски Deutsch Українська ಕನ್ನಡ Wolof Moore ქართული Azərbaycan Magyar தமிழ் Tagalogالشرح
Фатима бинт Хубејш го прашала Аллаховиот Пратеник, алејхи селам: Постојано крвавам надвор од периодот на менструација. Дали во тој период ќе биде пропис на хајз во кој не се клања намаз? Аллаховиот Пратеник, алејхи селам, ѝ одговорил дека тоа е крв од истихаза. Таа крв укажува на здравствен проблем, бидејќи таа истекува од оштетена вената или крвен сад во матката, и дека тоа не е менструална крв. Ѝ кажа кога ќе се појави вообичаениот месечен циклус а пред да се разболиш од истихаза, во тој период немој да клањаш, да постиш или нешто друго што е забрането да се прави за време на месечниот циклус. А кога ќе заврши месечниот циклус во вообичаеното време, тогаш тоа е знак дека си чиста од хајз, избањај се комплетно за да ја тргнеш нечистотијата, а после тоа можеш да клањаш.فوائد الحديث
Жената има обврска да се избања после менструалниот циклус.
Жена која има „истихаза“ е должна да клања.
Хајз: менструална природна крв која протекува од материцата низ вагиналниот отвор на возрасна жена, и се појавува во определен период.
Истихаза: протекување на крв вон месечниот циклус од долниот дел на матката, а не од подлабокиот дел на матката.
Разликата помеѓу менструална крв и истихаза крв е: менструалната крв е црна, погуста и има непријатен мирис, додека истихаза крв е црвена поретка, и нема непријатен мирис.