„Кога некој од вас зема абдест, треба да стави вода во носот, а потоа да ја исфрли, а тој што се чисти по физиолошка потреба нека го направи тоа со непарен број на…

„Кога некој од вас зема абдест, треба да стави вода во носот, а потоа да ја исфрли, а тој што се чисти по физиолошка потреба нека го направи тоа со непарен број на миење

Од Ебу Хурејре, радијаллаху анху, се пренесува, дека Аллаховиот пратеник, алејхи селам, рекол: „Кога некој од вас зема абдест, треба да стави вода во носот, а потоа да ја исфрли, а тој што се чисти по физиолошка потреба нека го направи тоа со непарен број на миење. Кога некој од вас ќе се разбуди, треба да ги измие рацете пред да земе абдест, бидејќи никој од вас не знае каде му биле рацете за време на спиењето.“ Според преданието на Муслим, се вели: „Кога некој од вас ќе се разбуди, пред да ги стави рацете во садот со вода, претходно треба да ги измие рацете трипати, бидејќи никој од вас не знае каде му биле рацете додека спиел.“

[صحيح] [متفق عليه]

الشرح

Аллаховиот пратеник, алејхи селам, објаснил некои прописи на чистотата, а тие се: Прво: Кој се абдести, треба со вода до го испере носот вшмркувајќи вода во него, а потоа ќе ја исфрли на ист начин. Второ: Оној што сака да ја отстрани нечистотијата со нешто друго освен вода, како што се камчиња, треба да го стори тоа непарен број пати, минимум трипати, а максимум онолку колку што е потребно за чистење на местото. Трето: Кој ќе се разбуди од ноќен сон, не треба да ја става раката во сад за да земе абдест пред да ја измие трипати надвор од садот, бидејќи не знае каде му била раката во текот на ноќта. Можеби има нечистотија на неговата рака или можеби шејтанот ставил на неа нешто штетно за него или што би ја расипало водата.

فوائد الحديث

Кога земаме абдест, треба да ја вшмркаме водата во носот со помош на вдишување на воздух, за да потоа вдишениот воздух го искористиме да ја исфрлиме водата надвор при издишување.

Пофално е даа се измиеме со непарен број пати после физиолошка потреба.

Обврска е да ги измиеме рацете трипати, после спиењето ноќе.

التصنيفات

Едеби на вршењето физиолошки потреби:, Абдест, Едеби на спиењето и будењето