„Верникот не може да мрази верничка (која му е сопруга), ако не му се допаѓа некоја нејзина особина, ќе му биде драга поради друго својство.“

„Верникот не може да мрази верничка (која му е сопруга), ако не му се допаѓа некоја нејзина особина, ќе му биде драга поради друго својство.“

Ебу Хурејре, Аллах нека е задоволен со него, пренесува дека Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Верникот не може да мрази верничка (која му е сопруга), ако не му се допаѓа некоја нејзина особина, ќе му биде драга поради друго својство.“ Или рекол: ,,Со нешто друго."

[صحيح] [رواه مسلم]

الشرح

Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, му забранил на сопругот да ја мрази својата сопруга до степен што тоа би довело до неправда, занемарување или нејзино избегнување. Човекот, по својата природа, има недостатоци. Затоа, ако сопругот во неа забележи некоја лоша особина, ќе најде и друга добра која ќе го задоволи. Потребно е да се задоволи со нејзините добри страни и да покаже трпение кон она што не му се допаѓа. Ова трпение и фокусот на доброто ќе го одвратат од омраза што би можела да го натера на развод.

فوائد الحديث

Повик до верникот да постапува праведно и разумно при секој спор што ќе настане со неговата сопруга, избегнувајќи да биде воден од емоции или моментални реакции.

Верникот не треба да ја мрази верничката до степен што тоа би го навело на развод. Наместо тоа, треба да се фокусира на нејзините добри страни и да премине преку она што му пречи, ценејќи го она што му се допаѓа кај неа.

Поттик за градење добри односи и взаемно почитување меѓу сопружниците.

Иманот повикува кон благородни карактерни особини. Затоа, верникот и верничката и обајцата поседуваат добри морални вредности, бидејќи иманот подразбира присуство на пофалени својства кај обајцата.

التصنيفات

Брак, Прописи поврзани со жените