„Секој ден, кога ќе осамнат луѓето, слегуваат двајца мелеци. Едниот вели: ,О Аллах, надомести му на оној што троши (во добри дела)!‘ А другиот вели: ,О Аллах, направи…

„Секој ден, кога ќе осамнат луѓето, слегуваат двајца мелеци. Едниот вели: ,О Аллах, надомести му на оној што троши (во добри дела)!‘ А другиот вели: ,О Аллах, направи имотот на оној што е скржав да пропадне!‘“

Од Ебу Хурејре, Аллах нека е задоволен со него, се пренесува дека веровесникот, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Секој ден, кога ќе осамнат луѓето, слегуваат двајца мелеци. Едниот вели: ,О Аллах, надомести му на оној што троши (во добри дела)!‘ А другиот вели: ,О Аллах, направи имотот на оној што е скржав да пропадне!‘“

[صحيح] [متفق عليه]

الشرح

Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, известил дека секој ден кога ќе изгрее Сонцето, слегуваат двајца мелеци и повикуваат, едниот од нив вели: „О Аллах, подари му на оној што го троши својот имот во покорност кон Тебе, за своето семејство, за гостите и за доброволните дела – надоместок и уште поголема добрина, и подари му бериќет.“ А другиот вели: „О Аллах, направи имотот на оној што е скржав и не дава во добри цели да пропадне, и уништи го богатството што го ускратил од оние што го заслужуваат.“

فوائد الحديث

Дозволено е да се прави дова Аллах да му подари уште поголема награда на оној што е дарежлив и да му надомести повеќе отколку што потрошил. Исто така, дозволено е да се дови против скржавиот, така што неговиот имот да пропадне, бидејќи бил скржав и го ускратил од трошење во она што Аллах му наредил.

Мелеците прават дова за верниците кои трошат во добри цели, молејќи Аллах да им подари добрина и бериќет, а нивните дови се прифатени.

Поттикнување на трошење и дарување, како во задолжителни, така и во доброволни цели – како што се издржувањето на семејството, одржувањето на роднинските врски и друго.

Појаснување на вредноста на оној што троши во добри цели и дека неговата награда е тоа што Аллах ќе му го надомести. Возвишениот Аллах вели:

„Кажи: ,Господарот мој дава обилно надоместување кому сака од робовите Свои, а кому сака ускратува; што и да дадете, Тој тоа ќе го надокнади, Тој најдобро снабдува.‘“ (Сабе, 39)

Оваа дова се однесува на оној што ги задржува своите средства и не троши за задолжителните/обврзувачките трошоци. Што се однесува до доброволните трошоци, тоа не спаѓа во оваа категорија и таквиот не заслужува таква дова против него.

Забрана на скржавоста и себичноста.

التصنيفات

Доброволно милосрдие - садака