„,Пропаднаа оние кои претеруваат

„,Пропаднаа оние кои претеруваат

Од Абдуллах бин Месуд, Аллах нека е задоволен со него, се пренесува дека Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „,Пропаднаа оние кои претеруваат.' Ова го повтори трипати.“

الشرح

Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, известува за пропаста и загубата на оние кои без знаење и упатство претеруваат во својата вера и овосветскиот живот со зборови и дела, надминувајќи ги шеријатските граници кои ги поставил Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем.

فوائد الحديث

Забрана на претерувањето и комплицирањето во сите работи, и поттик за избегнување на тоа во сè; особено во ибадетите и прекумерното воздигнување на добрите луѓе.

Извршувањето на ибадетите и другите дела на најпотполн начин е пофално, но тоа се постигнува само преку исправното следење на шеријатските прописи.

Препорачливо е да се нагласи она што се смета за важно, бидејќи Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, ја повторил оваа реченица трипати.

Леснотијата и едноставноста на исламот.