„Бој се од Аллах каде и да се наоѓаш; по лошото дело направи добро – тоа ќе го избрише; и со луѓето однесувај се убаво.“

„Бој се од Аллах каде и да се наоѓаш; по лошото дело направи добро – тоа ќе го избрише; и со луѓето однесувај се убаво.“

Од Ебу Зер, Џундуб бин Џунада, и Ебу Абдурахман, Муаз бин Џебел – Аллах нека е задоволен со двајцата – се пренесува дека Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Бој се од Аллах каде и да се наоѓаш; по лошото дело направи добро – тоа ќе го избрише; и со луѓето однесувај се убаво.“

[قال الترمذي: حديث حسن] [رواه الترمذي]

الشرح

Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, наредил три работи: Прво: Богобојазливост – тоа значи да се извршуваат наредбите и да се оставаат забраните, во секое време, место и состојба – било тајно или јавно, во благосостојба или при искушение, и во сите други прилики. Прво: Богобојазливост – тоа значи да се извршуваат наредбите и да се оставаат забраните, во секое време, место и состојба – било тајно или јавно, во благосостојба или во искушение, и во сите други прилики. Второ: Кога ќе направиш нешто лошо, по истото нека следи добро дело – како што се намазот, садаката, доброчинството, поврзувањето на роднинските врски или покајанието – затоа што доброто ги брише лошите дела. Трето: Однесувај се со луѓето со убави морални особини – насмевни им се, биди благ, нежен, прави добро и воздржи се од нанесување штета.

فوائد الحديث

Величината на Божјата милост, прошка и благост кон Неговите робови.

Хадисот ги опфаќа трите вида права:

– Аллаховото право – преку богобојазливоста,

– Правото кон себе – преку извршувањето на добри дела по направените гревови,

– Правото кон луѓето – преку убавото однесување и добриот морал кон нив.

Хадисот, исто така, поттикнува на правење добри дела по лошите и на убав однос со луѓето. Овие две особини се дел од богобојазливоста и се спомнати посебно поради нивната голема важност и потребата да бидат појаснети.

التصنيفات

Добри морални особини