إعدادات العرض
,Ме праша за голема работа, но лесно му е на оној кому Аллах му олеснува
,Ме праша за голема работа, но лесно му е на оној кому Аллах му олеснува
Муаз ибн Џебел, радијаллаху анху, пренесува: „Бев со Пратеникот, алејхи селам, на патување. Додека патувавме, еден ден осамнав во негова близина, па му реков: ,Алахов Пратенику, извести ме за дело кое ќе ме одведе во Џенетот и ќе ме оддалечи од џехенемот.‘ Тој рече: ,Ме праша за голема работа, но лесно му е на оној кому Аллах му олеснува: обожувај го Аллах и не Му придружувај ништо, клањај го намазот, давај зекат, пости го рамазан и изврши го аџилакот.‘ Потоа рече: ,Сакаш ли да те упатам до вратата на доброто: Постот е штит, милосрдието ги брише гревовите како што водата го гаси огнот и човековиот намаз во длабочината на ноќта‘. Потоа го рецитираше ајетот: ,Боковите нивни од постела се креваат и тие на Господарот свој од страв и од желба Му се клањаат, а дел од тоа што Ние им го даваме го споделуваат. И никој не знае какви, како награда за тоа што го правеле, скриени радости ги очекуваат‘, потоа рече: ,Дали сакате да ве информирам за главата, столбот и врвот на сето ова?‘ Реков: ,Сакаме, о Аллахов пратенику.‘ Тој рече: ,Главата на ова е исламот, столбот е намазот, а врвот е борбата на Аллаховиот пат.‘ Потоа рече: ,Дали сакате да ве известам за основата на сето ова?‘ Реков: ,Сакаме, о Аллахов пратенику.‘ Го фати јазикот со раката и рече: ,Контролирај го ова!‘, ,О Аллахов Пратенику, дали ќе бидеме прашани за тоа што го зборуваме?‘, прашав. Тој рече: ,Тешко на мајкати за тебе, о, Муаз, а дали луѓето ќе бидат фрлени во Џехенемот со лицето или главите, освен поради она што го кажуваше јазикот?‘“
الترجمة
العربية Bosanski English Español فارسی Français Bahasa Indonesia Русский Türkçe اردو 中文 हिन्दी Hausa Kurdî Português සිංහල Nederlands অসমীয়া Oromoo Tiếng Việt Kiswahili አማርኛ ગુજરાતી پښتو ไทย Română മലയാളം नेपाली Malagasy Deutsch Кыргызча తెలుగు ქართული Moore Magyar Svenskaالشرح
Муаз, радијаллаху анху, рекол: Патував со Аллаховиот Пратеник, алејхи селам, па му пријдов додека патувавме, и му реков: Аллахов Пратенику, извести ме за едно дело кое ќе ме одведе во џенет и ќе ме оддалечи од огнот. Тој рече: ,Ме праша за голема работа која му е тешка на човекот да ја изврши, но лесно му е на оној кому Аллах му го олесни тоа: Изврши ги исламските обврски: Прво: Да го обожуваш Аллах единиот, и да не Му здружуваш никого. Второ: Да ги клањаш петте задолжителни намази во текот на деноноќието: сабах, пладне, икиндија, акшам и јација, со сите нивни шартови, рукнови и ваџиби. Трето: Давањето на зекат, којшто претставува материјален ибадет од обврзувачки карактер, и се дава од секој вид на имот кој ќе ја достигне определената вредност според верозаконот, а им се дава на тие кои го заслужуваат. Четврто: Постот на месецот рамазан, а тоа значи со намера за ибадет да се воздржиме од храна, пијалаци и други работи кои можат да го поништат постот, во период од зората до заоѓањето на Сонцето. Петто: Аџилакот на Аллаховата куќа во Мека, со намера да ги извшиме неговите обреди, обожувајќи Го со тоа Возвишениот Аллах.‘ Потоа Аллаховиот пратеник, алејхи селам, рекол: ,Зарем не сакаш да ти го покажам патот кој ќе те доведе до вратата на доброто? Со тоа што после овие ваџиби ќе продолжиш со нафили: Прво: Доброволен пост, кој го спречува човекот да падне во искушение заради своите страсти, и му ја намалува силата. Трето: Ноќен намаз во последната третина на ноќта.‘ Аллаховиот пттратеник, алејхи селам, потоа ги рецитирал зборови на Возвишениот Аллах: ,Боковите нивни се креваат...‘ т.е. се оддалечуваат, ,Од постела‘ т.е. од креветот, ,На Господарот свој му се клањаат‘ во намаз, спомнувајќи Го, со рецитирање на Куранот и упатување на дови, ,Од страв и од желба, а дел од тоа што Ние им го даваме го споделуваат. И никој не знае какви, скриени радости ги очекуваат.‘ т.е. радост на Судниот ден и во Џенетот, ,како награда за тоа што го правеле.‘ Потоа Аллаховиот пратеник, алејхи селам, рекол: ,Сакаш ли да те известам за основата на верата? За нејзиниот столб врз кој се потпира? И за нејзиниот врв?‘ Муаз, радијаллаху анху, рекол: ,Секако, о, Аллахов пратенику.‘ Аллаховиот пратеник, алејхи селам, рекол: Најглавна работа е: Исламот и двете сведочења (шехадет), со нив човекот станува верник. Столбот е: намазот, нема ислам без намаз, исто како што не постои куќа без столбови, па тој што клања неговата вера е силна и исправна; а врвот на таа вера е борбата против непријателите на верата и заради воздигнување на Аллаховиот збор. Потоа, Аллаховиот пратеник, алејхи селам, рекол: „Сакаш ли да те известам како да го засилиш и подобриш сево ова што е претходно спомнато?“ Пратеникот, алејхи селам, го фати својот јазик, и рече: „Забрани му на овој орган да зборува за сето она што не те засега.“ Муаз рекол: „Зарем ќе бидеме прашани и ќе одговараме кај Нашиот Господар, и зарем ќе не казнува за сето она што го кажуваме?!“ Тој, алејхи селам, рече: „Мајка нека те загуби!“ Со овие зборови не молеше против него, туку тоа е начин на говор на Арапите, за да предупредат за некоја работа на која требало да се внимава и да се знае, а потоа рекол: „Зарем има нешто што ќе ги фрли луѓето со лице во Џехенемот освен нивните јазици, кои искажале неверување, клеветење, навреда, озборување, лаги и слични работи.“فوائد الحديث
Асхабите, радијаллаху анхум, биле заинтересирани за знаењето, затоа често го прашувале Пратеникот, алејхи селам.
Разбирањето на асхабите, радијаллаху анхум, било според знаењето дека делата се причина за влез во Џенетот.
Прашањето што го постави Муаз, радијаллаху анху, е големо прашање. Бидејќи во реалноста тоа е тајната на животот и постоењето на секое човечко суштество или џин, сите овие кои живеат на овој свет ќе бидат или во Џенетот или во Џехенемот, и затоа ова прашање беше големо.
Влегувањето во Џенетот се заснова на исполнување на петте столба на исламот, а тоа се: шехадетот, намазот, зекатот, постот и аџилакот.
Главната и најважната работа во верата, но исто така и најголема обврска е монотеизмот во верувањето на Аллах, во правењето на ибадети само Нему и да не Му припишуваме истоветен.
Аллаховата милост кон Неговите робови е во тоа што им ги отворил портите на добрината, за да се снабдат преку направените дела со награда и простување на гревовите.
Вредноста на доближувањето кон Аллах преку доброволните дела откако ќе ги исполниме тие со кои сме обврзани.
Намазот во исламот е како столбот врз кој се потпира шаторот. Исламот исчезнува ако и тој исчезне, исто како што паѓа шаторот кога ќе му падне столбот.
Обврска е да внимаваме на јазикот, во она што може да му наштети на човекот и на неговата вера.
Контролата на јазикот и воздржувањето од непотребен говор е основа на секое добро.
التصنيفات
Исламот