إعدادات العرض
,Кога ќе ја видите (младата месечина) постете, а кога повторно ќе ја видите, престанете со постењето, а ако не можете да ја видите заради облачност, одредете го…
,Кога ќе ја видите (младата месечина) постете, а кога повторно ќе ја видите, престанете со постењето, а ако не можете да ја видите заради облачност, одредете го почетокот со броење на денови.‘“
Од Ибн Омер, радијаллаху анхума, се пренесува дека рекол: „Го слушнав Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, како вели: ,Кога ќе ја видите (младата месечина) постете, а кога повторно ќе ја видите, престанете со постењето, а ако не можете да ја видите заради облачност, одредете го почетокот со броење на денови.‘“
الترجمة
العربية বাংলা Bosanski English Español فارسی Français Bahasa Indonesia Русский Tagalog Türkçe اردو 中文 हिन्दी ئۇيغۇرچە Hausa Português Kurdî සිංහල Nederlands অসমীয়া Tiếng Việt Kiswahili ગુજરાતી پښتو አማርኛ Oromoo ไทย Română മലയാളം नेपाली Malagasy Deutsch Кыргызча తెలుగు ქართული Moore Magyar Svenskaالشرح
Пратеникот, алејхи селам, го објаснил знакот на почетокот и крајот на месецот рамазан, па рекол: Ако ја видите младата месечина на рамазан, постете, но ако облаците се појават меѓу вас и неа и не ја гледате, тогаш, избројте триесет дена од месецот шабан, и кога ќе ја видите младата месечина на шевал, прекинете со постот, а ако меѓу вас и неа има облаци и не ја гледате; тогаш избројте триесет дена од месецот рамазан.فوائد الحديث
Потпирање врз гледањето во младата месечина, а не врз астрономски пресметки во одредување на почетокот на месецот рамазан.
Ибн ел-Мунзир го пренел консензусот на исламските зналци дека постот не е задолжителен ако почетокот на месецот рамазан се заснова само на пресметување, без видување на младата месечина.
Обврска е да се потполни месецот шабан со триесет денаа доколку не ја видиме младата месечина на месецот рамазан, заради облачност или нешто друго.
Лунарниот месец може да биде дваесет и девет или триесет дена.
Обврска е да се наполнат триесет дена на месецот рамазан, доколку времето е облачно и не може да се види младата месечина на месецот шевал.
Кој е на место каде што нема кој да се грижи за муслиманите во врска со постот, или е од оние што го пропуштаат, треба самиот да превземе дејствија или тоа да го направи со некој кому му верува; и според тоа ќе пости и ќе престане со постот.
التصنيفات
Пратење на младиот месец