إعدادات العرض
„Доколку на луѓето им се даваше според нивните побарувања, некои бесправно би го барале имотот и животот на другите. Затоа, должност на оној што обвинува е да…
„Доколку на луѓето им се даваше според нивните побарувања, некои бесправно би го барале имотот и животот на другите. Затоа, должност на оној што обвинува е да донесе доказ, а оној што негира, да се заколне.“
Ибн Аббас, Аллах нека е задоволен со него и неговиот татко, пренесува дека Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Доколку на луѓето им се даваше според нивните побарувања, некои бесправно би го барале имотот и животот на другите. Затоа, должност на оној што обвинува е да донесе доказ, а оној што негира, да се заколне.“
الترجمة
العربية বাংলা Bosanski English Español Français Bahasa Indonesia Русский Türkçe اردو 中文 हिन्दी ئۇيغۇرچە Hausa Kurdî Português සිංහල አማርኛ অসমীয়া Kiswahili Tagalog Tiếng Việt ગુજરાતી Nederlands پښتو नेपाली മലയാളം Svenska ไทย Кыргызча Română Malagasy ಕನ್ನಡ Српски తెలుగు فارسی ქართული Moore Magyarالشرح
Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, појаснил дека ако на луѓето им се признавало правото само врз основа на нивните тврдења, без никакви докази, некои од нив бесправно би барале да присвојат туѓ имот и да посегнат по животот на другите. Затоа, оној што тврди дека нешто е негово право мора да приложи доказ. Ако нема доказ, случајот се изнесува пред оној што е обвинет, па ако тој го негира, должен е да се заколне, со што се ослободува од обвинувањето.فوائد الحديث
Ибн Декик ел-Ид рекол: „Овој хадис претставува темелно правило во судските постапки и е едно од најважните начела при решавање на споровите и конфликтите.“
Целта на шеријатот е да ги заштити имотот и животот на луѓето од злоупотреби.
Судијата не пресудува според сопственото знаење, туку врз основа на приложените докази.
Секое тврдење без доказ се отфрла, без разлика дали се однесува на правата, меѓучовечките односи или прашањата поврзани со верата и знаењето.
التصنيفات
Тужби и докази