„Наредете им на вашите деца да го клањаат намазот кога ќе наполнат седум години, а казнете ги ако одбијат кога ќе наполнат десет години, и во тие години раздвојте ги…

„Наредете им на вашите деца да го клањаат намазот кога ќе наполнат седум години, а казнете ги ако одбијат кога ќе наполнат десет години, и во тие години раздвојте ги машките од женските во постела.“

Амр бин Шуајб пренесува од неговиот татко, кој пак од неговиот татко пренесува, дека рекол: Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, вели: „Наредете им на вашите деца да го клањаат намазот кога ќе наполнат седум години, а казнете ги ако одбијат кога ќе наполнат десет години, и во тие години раздвојте ги машките од женските во постела.“

[حسن] [رواه أبو داود]

الشرح

Аллаховиот пратеник, алејхи селам, ни објаснува дека таткото е должен да им наредува на своите деца, машки и женски, да клањаат кога ќе наполнат седум години и да ги подучат за сè што им е потребно за да го клањаат намазот. А кога ќе наполнат десет години, тогаш уште посилно ќе им нареди, па дури и ќе ги дисциплинира ако одбијат, исто така ќе ги одвои машките од женските деца да не спијат заедно (во една постела).

فوائد الحديث

Подучување на малите деца, пред да станат полнолетни за верските прашања, а најважно прашање е намазот.

Ќотекот е само дисциплинска/воспитна мерка, и не теба да се претвори во казнување, според тој ќе биде прилагоден сходно на ситуацијата.

Верозаконот се грижи и ја чува човековата чест и ги затвора сите патишта кои би можеле да одведат кон безредие/декаденција.

التصنيفات

Обавезнота на намазот и прописот за оној кој го остава