Срамот е од верувањето

Срамот е од верувањето

Абдулах ибн Омер, радијаллаху анхума, рекол: „Слушна Аллаховиот пратеник, алејхи селам, некој човек како го советува својот брат за срамот, па рече:,Срамот е од верувањето.“

[صحيح] [متفق عليه]

الشرح

Слушнал Аллаховиот пратеник, алејхи селам, како некој човек го советува својот брат дека не треба да се срами многу! Па му објасни дека срамот е дел од верувањето, и дека тој не може да донесе друго освен добрина. Срамот е карактеристика која човекот го насочува да работи добрини и да ги остави лошотиите.

فوائد الحديث

Тоа што не ти дава да направиш добрина не се вика срам, туку тоа е слабост, плашливост и слабоумност.

Срамот е од Аллах Возвишениот, и го насочува човекот да ги извршува наредените работи, и да ги избегнува забранетите работи.

Срамот од луѓето е кога ги почитуваме, кога се однесуваме кон нив според нивната положба, и кога ги избегнуваме сите вообичааени лоши постапки.

التصنيفات

Добри морални особини