إعدادات العرض
Навистина ќе го видите вашиот Господ како што ја гледате оваа Месечина и нема да ви претставува мака да Го видите
Навистина ќе го видите вашиот Господ како што ја гледате оваа Месечина и нема да ви претставува мака да Го видите
Џерир ибн Абдулах, радијаллаху анху, вели: „Бевме кај Веровесникот, алејхи селам, и тој погледна во Месечината, а беше ноќ со полна месечина, па рече: ,Навистина ќе го видите вашиот Господ како што ја гледате оваа Месечина и нема да ви претставува мака да Го видите, па ако можете да не ја пропуштите молитвата пред изгрејсонце (сабах) и пред зајдисонце (икиндија), направете го тоа,‘ потоа го цитирал ајетот: ,...и величај Го Господарот свој и заблагодарувај Му се пред Сонцето да излезе и пред да зајде.‘“ (Каф: 39)
الترجمة
العربية Bosanski English Español فارسی Français Bahasa Indonesia Русский Türkçe اردو 中文 हिन्दी বাংলা Kurdî Português മലയാളം తెలుగు Kiswahili தமிழ் සිංහල မြန်မာ ไทย Deutsch 日本語 پښتو Tiếng Việt অসমীয়া Shqip Svenska Čeština ગુજરાતી አማርኛ Yorùbá ئۇيغۇرچە Hausa دری Кыргызча or Kinyarwanda नेपाली Malagasy Română Lietuvių Oromoo Српски Nederlands Soomaali Українська ಕನ್ನಡ Wolof Moore ქართული Azərbaycan Magyar Tagalogالشرح
Една ноќ – четиринаесеттата ноќ од лунарниот месец – асхабите кои биле во друштво на Аллаховиот пратеник, алејхи селам, го слушнале како вели: „Муслиманите несомнено ќе го гледаат нивниот Господар, вистински, со голо око, нема да се туркаат нема да се изморат ниту ќе им биде тешко додека го гледаат Аллах Возвишениот.“ Потоа Аллаховиот пратеник, алејхи селам, рече: ,Ако можете да им се спротивставите на причините кои ве одвраќаат од сабах и икиндија намазот, направете го тоа, и клањајте ги на пропишан начин, во нивните времиња, во џемат. Навистина, тоа ќе биде причина да го гледате лицето на Аллах, Возвишениот.‘ Потоа Аллаховиот пратеник, алејхи селам, го цитирал ајетот: ,...и величај Го Господарот свој и заблагодарувај Му се пред Сонцето да излезе и пред да зајде.‘فوائد الحديث
Радосни вести за верниците, дека ќе гледаат во Аллах, Возвишениот, кога ќе бидат во Џенетот.
Една од методите на повикувањето во исламот е: потврдување, поттик и давање примери.
التصنيفات
Ахиретскиот - вечниот живот