тие кои ќе добијат најстрога казна на Судниот ден, се луѓето кои го имитираат Аллаховото создавање преку слики

тие кои ќе добијат најстрога казна на Судниот ден, се луѓето кои го имитираат Аллаховото создавање преку слики

Од Аиша, мајката на верниците, радијаллаху анха, се пренесува дека кажала: „Аллаховиот Пратеник, алејхи селам, еднаш се врати од своето патување, а јас ја покрив полица во мојата соба со завеса која имаше слики на себе. Кога Аллаховиот пратеник, алејхи селам, ја виде, ја тргна и лицето му се измени, па рече: ,Аиша, тие кои ќе добијат најстрога казна на Судниот ден, се луѓето кои го имитираат Аллаховото создавање преку слики.‘, потоа Аиша рече: ,Ја исековме и од неа направивме една или две перници.‘“

[صحيح] [متفق عليه]

الشرح

Аллаховиот пратеник, алејхи селам, еднаш влегол во куќата на Аиша, радијаллаху анха, а таа покривала мала полица со завеса на која имало слики од живи суштества. Пратеникот тогаш се налутил, ја оттргнал и рекол: Најтешка казна на Судниот ден ќе имаат тие преку своите слики го подражаваат Аллховото создавање. Аиша кажала: Од таа завеса направивме една или две перници.

فوائد الحديث

Лошите дела треба да се осудат во моментот кога ќе бидат забележани и не треба да се одложува, освен ако тоа (осудувањето) не предизвика поголема штета.

Казнувањето на идниот свет ќе биде различно, според големината на гревот.

Цртање и сликање на живи суштества е еден од големите гревови.

Една од мудростите на забраната на цртање е да се спречи подражавањето на создавањето на Аллах, без разлика дали цртачот има намера да го имитира или не.

Во шеријатот се води сметка за имотот и за неговата понатамошна употреба откако ќе го избегнеме забрането.

Забрането е да се цртаат живи суштества во каква било форма, дури и во погрдни цели.

التصنيفات

Тевхид рубубијје - Аллаховото едноштво во владеење и управување