кога ќе научеле десет ајети од Пратеникот, не продолжувале со следните десет додека не ги разберат и применат знаењата и делата содржани во тие ајети

кога ќе научеле десет ајети од Пратеникот, не продолжувале со следните десет додека не ги разберат и применат знаењата и делата содржани во тие ајети

Од Ебу Абдурахман ел-Сулеми, Аллах нека му се смилува, се пренесува дека рекол: „Асхабите на Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, кои нè подучуваа на Куранот, ни кажуваа дека кога ќе научеле десет ајети од Пратеникот, не продолжувале со следните десет додека не ги разберат и применат знаењата и делата содржани во тие ајети. Велеа: ,На тој начин ја научивме и теоријата и праксата.'“

[حسن] [رواه أحمد]

الشرح

Асхабите, Аллах нека е задоволен со сите нив, учеле од Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, десет ајети од Куранот, а потоа не преминувале на следните ајети додека целосно не ги научеле значењата и делата содржани во тие десет ајети.

فوائد الحديث

Вредноста на асхабите, Аллах нека е задоволен со сите нив, и нивната посветеност во учењето на Куранот.

Учењето на Куранот подразбира учење и практика, не само читање и запомнување.

Знаењето мора да претходи на зборовите и делата.

التصنيفات

Наука за теџвидот, Едеби на учење на Куранот и неговите носители, Вредноста на знаењето