إعدادات العرض
Изговори: ,,Ла илахе илаллах" (нема друг вистински бог освен Аллах), и јас ќе сведочам за тебе на Судниот ден
Изговори: ,,Ла илахе илаллах" (нема друг вистински бог освен Аллах), и јас ќе сведочам за тебе на Судниот ден
Ебу Хурејре, Аллах нека е задоволен со него, пренесува дека Божјиот Пратеник, салаллаху алејхи ве селем, му рекол на својот чичко: „Изговори: ,,Ла илахе илаллах" (нема друг вистински бог освен Аллах), и јас ќе сведочам за тебе на Судниот ден.“ Тој одговорил: „Да не беше стравот од тоа што Курејшиите ќе ме обвинат, велејќи: ,Го поттикна на тоа стравот од смртта,' ќе го направев тоа и ќе ти го утешев срцето.“ Тогаш Аллах го објави ајетот: „Ти навистина не можеш да го упатиш на Вистинскиот пат тој што ти сакаш да го упатиш, Аллах му укажува на Вистинскиот пат на тој што Тој сака.“ (Ел Касас, 56)
الترجمة
العربية English မြန်မာ Svenska Čeština ગુજરાતી አማርኛ Yorùbá Nederlands اردو Español Bahasa Indonesia ئۇيغۇرچە বাংলা Türkçe Bosanski සිංහල हिन्दी Tiếng Việt Hausa മലയാളം తెలుగు Kiswahili ไทย پښتو অসমীয়া Shqip دری Ελληνικά Български Fulfulde Italiano ಕನ್ನಡ Кыргызча Lietuvių Malagasy Română Kinyarwanda Српски тоҷикӣ O‘zbek नेपाली Kurdî Wolof Moore Soomaali Français Oromoo Українська Tagalog Azərbaycan தமிழ் bm Deutsch ქართული Português Magyar Lingala Русский 中文الشرح
Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, побара од својот чичко, Ебу Талиб, кој беше на смртната постела, да изговори „ла илахе илаллах“ за да може да заговара за него на Судниот ден и да го посведочи неговиот ислам. Ебу Талиб одби да го изговори шехадетот од страв дека Курејшиите ќе го обвинат дека го прифатил исламот од страв од смртта и поради слабост. Му рече на Пратеникот: „Да не беше тоа, би те израдувал изговарајќи го шехадетот и би ја исполнил твојата желба!“ Тогаш Аллах го објави ајетот кој укажува дека Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, не поседува моќ да го даде упатството за влез во исламот, туку само Возвишениот Аллах упатува кого Тој сака. Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, го упатува народот преку објаснување, советување и повикување кон вистинскиот пат.فوائد الحديث
Вистината не треба да се остава од страв што ќе речат луѓето.
Упатството на Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, е преку повикување и објаснување, а конечното упатство е од Аллах.
Пропишаноста да се посети болен неверник со цел да се повика во ислам.
Стремежот на Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, да повикува кон Аллах во секакви околности.