„Не се приврзувајте за имотот, па да ви се омили дуњалукот.“

„Не се приврзувајте за имотот, па да ви се омили дуњалукот.“

Абдулах бин Месуд, Аллах нека е задоволен со него, пренесува дека Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Не се приврзувајте за имотот, па да ви се омили дуњалукот.“

[رواه الترمذي وأحمد]

الشرح

Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, предупредил од прекумерна посветеност на имотот, нивите и земјиштето, бидејќи тоа води до љубов кон овоземниот живот и оддалечување од Ахиретот.

فوائد الحديث

Забрана за претераното ангажирање за овоземна заработка, особено кога тоа резултира со запоставување на Ахиретот.

Хадисот не забранува човек да има извор на егзистенција, туку предупредува од прекумерна посветеност на овоземните уживања што водат до заборав на вечниот живот.

Ес-Синди рекол: „Целта на забраната е човекот да не претера во имотот до таа мера што ќе го одвлече од спомнувањето на Аллах.“

التصنيفات

Доблести и манири, Осудување на љубовта кон овој свет