,Кога ќе дојде рамазан, направете умра, бидејќи умрата во рамазан е еднаква со хаџот.‘“

,Кога ќе дојде рамазан, направете умра, бидејќи умрата во рамазан е еднаква со хаџот.‘“

Од Ибн Абас, радијаллаху анхума, се пренесува: Пратеникот ѝ рекол на една енсаријка, Ибн Абас го спомна нејзиното име, но јас го заборавив: „,Што те спречи да извршиш хаџ со нас?‘ Таа рече: ,Имавме само две камили за јавање. На едната изврши хаџ нејзиното дете и неговиот татко, а ја остави другата за нас.‘ Пратеникот ѝ рече: ,Кога ќе дојде рамазан, направете умра, бидејќи умрата во рамазан е еднаква со хаџот.‘“

[صحيح] [متفق عليه]

الشرح

Откако Пратеникот, алејхи селам, се вратил од прошталниот аџилак, прашал една енсаријка: „Што те спречи да не го извршиш аџилакот со нас?“ Таа се оправдувала дека имале само две камили, на едната хаџот го извршиле нејзиниот маж и нејзиниот син, а втората ја оставиле за да им служи да вадат вода од бунарот. Тогаш, Аллаховиот пратеник, алејхи селам, ја информирал дека умрата извршена во месецот рамазан има иста награда како и аџилакот.

فوائد الحديث

Вредноста на умрата направена во месецот рамазан.

Умрата во рамазан е вредна во севапи како да се изврши хаџ, но со неа не отпаѓа обврската да се изврши хаџот.

Обемот на наградата за добрите дела се разликува сходно на периодот кога се направени, а еден од тие периоди е во рамазан.

التصنيفات

Вредноста на хаџот и умрата