إعدادات العرض
„Примерот на добриот пријател и лошиот пријател е како примерот на оној што носи миск и оној што дува во ковачка мешина
„Примерот на добриот пријател и лошиот пријател е како примерот на оној што носи миск и оној што дува во ковачка мешина
Ебу Муса, Аллах нека е задоволен со него, пренесува дека Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Примерот на добриот пријател и лошиот пријател е како примерот на оној што носи миск и оној што дува во ковачка мешина. Продавачот на мискот или ќе ти го подари, можеби ќе го купиш од него, или барем ќе почувствуваш пријатен мирис од него. А оној што дува во ковачка мешина или ќе ти ја изгори облеката, или ќе почувствуваш непријатна миризба од него.“
[صحيح] [متفق عليه]
الترجمة
العربية বাংলা Bosanski English Español فارسی Français Bahasa Indonesia Русский Tagalog Türkçe اردو 中文 हिन्दी Hausa Kurdî Kiswahili Português සිංහල دری অসমীয়া ไทย Tiếng Việt አማርኛ Svenska Yorùbá Кыргызча ગુજરાતી नेपाली Oromoo മലയാളം Română Nederlands Soomaali پښتو తెలుగు Kinyarwanda ಕನ್ನಡ Malagasy Српски Moore ქართული Čeština Українська Magyar Lietuvių Azərbaycanالشرح
Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, дал пример за две категории луѓе: Првата категорија: Добриот пријател и другар кој упатува кон Аллах и она што води кон Неговото задоволство, кој помага во покорност на Аллах. Неговиот пример е како оној што продава миск, кој може да ти го подари, или ќе можеш да го купиш од него, или барем ќе го мириснеш и ќе го почуствуваш неговиот пријатен мирис. Втората категорија: Лошиот пријател и другар, кој одвраќа од Аллаховиот пат, поттикнува на грешење, се одликува со лоши постапки. Доколку се дружиме и седиме со него ќе ни се припише и она што тој го прави. Неговиот пример е како ковачот што дува во мешина: или ќе ти ја изгори облеката со искрите што се разлетуваат додека дува, или ќе почувствуваш непријатен мирис од неговата близина.فوائد الحديث
Дозволеноста на користењето примери за да му се појазни значењето на слушателот.
Поттик и охрабрување за дружење со луѓе кои му се покорни на Аллах и кои прават добри дела, како и избегнување на оние кои се расипани и се неморални.