,О, луѓе, чувајте се од претерувањето во верата. Навистина оние пред вас пропаднаа заради претерувањето во верата.‘“

,О, луѓе, чувајте се од претерувањето во верата. Навистина оние пред вас пропаднаа заради претерувањето во верата.‘“

Од Ибн Абас, радијаллаху анху, се пренесува: Аллаховиот Пратеник, алејхи селам, качен на камила, наутро на денот на Бајрам, додека го извршуваше обредот хаџ (аџилак), ми рече: „,Собери ми камчиња‘, собрав седум од нив и му ги дадов. Пратеникот ги стисна во раката и рече: ,Вакви камчиња фрлајте.‘ После тоа рече: ,О, луѓе, чувајте се од претерувањето во верата. Навистина оние пред вас пропаднаа заради претерувањето во верата.‘“

[صحيح] [رواه ابن ماجه والنسائي وأحمد]

الشرح

Ибн Абас, радијаллаху анху, ни кажува дека бил со Аллаховиот Пратеник, алејхи селам, утрото на денот на Бајрам кога требало да се фрлаат камчињата на Џемерат ел-Акабе (големото џемре) на прошталниот аџилак. Пратеникот му наредил да му собере камчиња, па тој му донел седум со големина на наут или лешник. Пратеникот ги зел и ги стиснал во својата рака, а потоа рекол: „Вакви камчиња фрлајте.“ Аллаховиот пратеник, алејхи селам, тогаш предупреди од преминувањето на границите и претерувањето во верата. И дека токму овие работибеа причина за пропаст претходните народи.

فوائد الحديث

Забраната да претеруваме во верата и предупредување за лошиот исход – дека тоа е причината за пропаст.

Земањето поука од минатите народи за да ги избегнеме грешките кои тие ги направија.

Поттик да го следиме сунетот – традицијата на Аллаховиот пратеник, алејхи селам.

التصنيفات

Прашања поврзани со џахилијетот (предисламски период)