„Кој ќе подготви борец за борба на Аллаховиот пат, како и самиот да учествувал во борбата. А кој ќе се погрижи на добар начин за тоа што ќе го остави зад себе борецот…

„Кој ќе подготви борец за борба на Аллаховиот пат, како и самиот да учествувал во борбата. А кој ќе се погрижи на добар начин за тоа што ќе го остави зад себе борецот на Аллаховиот пат, како и самиот да учествувал во борбата.“

Од Зејд бин Халид, Аллах нека е задоволен со него, се пренесува дека Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Кој ќе подготви борец за борба на Аллаховиот пат, како и самиот да учествувал во борбата. А кој ќе се погрижи на добар начин за тоа што ќе го остави зад себе борецот на Аллаховиот пат, како и самиот да учествувал во борбата.“

[صحيح] [متفق عليه]

الشرح

Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, известил дека оној што ќе му обезбеди на борецот на Аллаховиот пат сè што му е потребно за патувањето, како оружје, превозно средство, храна, потребната издршка и другите неопходни средства – ќе има ист статус како и самиот борец и ќе ја добие наградата на оние што се борат. И дека оној што ќе ја преземе неговата одговорност и ќе се погрижи за неговото семејство додека тој е отсутен, исто така ќе го има статусот како и самиот борец.

فوائد الحديث

Поттик муслиманите да се помагаат во доброто.

Ибн Хаџер рекол: „Овој хадис поттикнува на добро постапување кон оној што работи за доброто на муслиманите или презел важна одговорност во нивна корист.“

Општото правило гласи: Кој ќе му помогне на некого во извршување на дело со кое му се покорува на Аллах, ќе ја добие истата награда како и оној што го направил, без притоа неговата награда да се намали.

التصنيفات

Вредноста на џихадот