إعدادات العرض
,Ќе успее, ако е искрен.‘“
,Ќе успее, ако е искрен.‘“
Од Талха бин Убејдулах, Аллах нека е задоволен со него, се пренесува дека рекол: „Еден човек од Неџд, со разбушавена коса, дојде кај Божјиот пратеник салаллаху алејхи ве селем. Слушавме како зборува, но не го разбиравме неговиот говор, сè додека не му се приближи на Божјиот пратеник салаллаху алејхи ве селем. Тогаш тој праша за исламот, а Божјиот пратеник салаллаху алејхи ве селем одговори: ,Петте намази во текот на денот и ноќта.‘ Човекот праша: ,Дали има нешто повеќе што е задолжително?‘ Тој одговори: ,Не, освен ако доброволно сакаш да клањаш повеќе.‘ Потоа рече: ,И постот во месецот рамазан.‘ Човекот повторно праша: ,Дали има нешто повеќе што е задолжително?‘ Тој одговори: ,Не, освен ако доброволно сакаш да постиш повеќе.‘ Потоа Божјиот пратеник салаллаху алејхи ве селем му го спомена и зекатот. Човекот праша: ,Дали има нешто повеќе што е задолжително?‘ Тој одговори: ,Не, освен ако доброволно сакаш да даваш повеќе.‘ Човекот замина, велејќи: ,Се колнам во Аллах, нема да додадам ниту да одземам нешто од ова.‘ Тогаш Божјиот пратеник салаллаху алејхи ве селем рече: ,Ќе успее, ако е искрен.‘“
الترجمة
العربية Bosanski English Español فارسی Français Bahasa Indonesia Русский Türkçe اردو 中文 हिन्दी Kurdî Kiswahili Português සිංහල دری অসমীয়া ไทย Tiếng Việt አማርኛ Svenska Yorùbá Кыргызча ગુજરાતી Hausa नेपाली Română മലയാളം Nederlands Oromoo Soomaali తెలుగు پښتو Kinyarwanda Malagasy ಕನ್ನಡ Српски Moore ქართული Čeština Magyar Українськаالشرح
Еден човек од Неџд дојде кај Божјиот пратеник салаллаху алејхи ве селем. Косата му беше бушава, а гласот силен и неразбирлив. Не можеше да се сфати што зборуваше, сè додека не се приближи до Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, и го праша за обврските во исламот. Божјиот пратеник салаллаху алејхи ве селем започна со намазот, велејќи дека Аллах му пропишал пет намази во текот на секој ден и ноќ. Човекот праша: „Дали има нешто повеќе од овие пет намази, кои ми се обврска да ги клањам?“ Пратеникот одговори: „Не, освен ако доброволно клањаш нафиле намази.“ Потоа додаде: „Од работите што Аллах ти ги пропишал и ти обврска е и постот во месецот рамазан.“ Човекот праша: „Дали сум должен да постам нешто повеќе од рамазанскиот пост?“ Божјиот пратеник салаллаху алејхи ве селем одговори: „Не, освен ако доброволно постиш повеќе од тоа.“ Потоа му го спомена и зекатот. Човекот праша: „Дали сум должен да давам нешто повеќе покрај задолжителниот зекат?“ Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, одговори: „Не, освен ако доброволно даваш повеќе од тоа.“ Откако ги слушна овие обврски, човекот замина, заколнувајќи се во Аллах дека ќе се придржува кон нив без да додава или одзема нешто. Тогаш Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рече: „Ако човекот е искрен во својата заклетва, тогаш тој ќе биде меѓу успешните.“فوائد الحديث
Леснотијата на шеријатските прописи за верниците.
Благоста на Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, во однесувањето со човекот, овозможувајќи му да се приближи и слободно да го постави своето прашање.
Повикувањето кон Аллах започнува со она што е најважно.
Исламот е составен од верување и дело – делата без верување се бескорисни, исто како што и верувањето без дела е бескорисно.
Важноста на овие дела и дека се столбови на исламот.
Џума намазот е дел од петте задолжителни намази, бидејќи го заменува пладневниот намаз во петок за оној на кој му е пропишан.
Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, започнал со подучување на најважните обврски во исламот и неговите столбови, веднаш по двата шахадета, бидејќи човекот веќе бил муслиман. Хаџот не бил спомнат затоа што сè уште не бил пропишан или затоа што неговото време не било пристигнато.
Оној кој се придржува само кон задолжителното според шеријатот ќе биде успешен, но тоа не ја исклучува препораката за извршувањето на доброволни дела, бидејќи со нив задолжителните обврски се надополнуваат на Судниот ден.
التصنيفات
Исламот