„Наредено ми е да се борам против луѓето сè додека не посведочат дека нема друго божество освен Аллах и дека Мухамед е Аллаховиот пратеник, сè додека извршуваат…

„Наредено ми е да се борам против луѓето сè додека не посведочат дека нема друго божество освен Аллах и дека Мухамед е Аллаховиот пратеник, сè додека извршуваат намаз и даваат зекат

Ибн Омер, радијаллаху анху, пренесува дека Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Наредено ми е да се борам против луѓето сè додека не посведочат дека нема друго божество освен Аллах и дека Мухамед е Аллаховиот пратеник, сè додека извршуваат намаз и даваат зекат. Ако направат вака, тогаш им се безбедни и животите и имотите, освен ако направиле престап против прописите на исламот, а за останатото ќе бидат одговорни пред Аллах.“

[صحيح] [متفق عليه]

الشرح

Аллаховиот пратеник, алејхи селам, нè известил дека Аллах му наредил да се бори против многубошците сè додека не посведочат дека нема друг вистински бог освен Аллах, Кому никој не му е рамен, и дека Мухамед е Неговиот пратеник, и да постапуваат според она што се бара, како што е: клањањето на петте намази во текот на денот и ноќта и давањето на задолжителниот зекат на оние за кои е наменет. Кога овие дела практично ќе ги извршат, според исламот, нивниот живот и имот ќе бидат заштитени. Затоа, не е дозволено да се убиваат таквите, освен ако не направат дело заради кое е пропишана смртна казна, според исламските правила. А потоа на Судниот ден, Возвишениот Аллах ќе се пресмета со нив, бидејќи само Тој ги знае нивните тајни.

فوائد الحديث

Шеријатските одлуки се носат според фактичката состојба, а кај Аллах ќе одговараме за она што е направено во тајност.

Важноста на повикот во монотеизам и тој е првото нешто со кое треба да почнеме при повикувањето на другите.

Овој хадис не укажува дека многубошците и другите треба да бидат принудени да го прифатат исламот. Ним, всушност, им е даден избор да го прифатат исламот, или, како немуслимани, да платат џизја. Ако ништо од тоа не прифатат, тогаш е пропишано да се води борба против нив согласно на исламските правила.

التصنيفات

Исламот