„Тој што јава ќе го поселами тој што пешачи, пешакот ќе го поселами тој што седи, а помалата група ќе ја поселами поголемата

„Тој што јава ќе го поселами тој што пешачи, пешакот ќе го поселами тој што седи, а помалата група ќе ја поселами поголемата

Ебу Хурејре, радијаллаху анху, пренесува дека Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Тој што јава ќе го поселами тој што пешачи, пешакот ќе го поселами тој што седи, а помалата група ќе ја поселами поголемата.“

[صحيح] [متفق عليه]

الشرح

Аллаховиот пратеник, алејхи селам, нè упатува на правилата при поздравувањето со селам: „Еселаму алејкум ве рахметуллахи ве берекатуху.“ Помладиот ќе го поздрави постариот, тој што јава ќе го поздрави оној што оди пеш, тој што оди ќе го поздрави тој што седи, а помалата група ќе ја поздрави со селам поголемата.

فوائد الحديث

Пофално е да се поздравиме со селам на начин како што е спомнато во хадисот, но доколку тој што пешачи го поздрави тој што јава, или некого кој е во друга положба, поздравот ќе биде важечки, но ќе биде спротивно на она што е подобро и повредно.

Ширењето на селамот на начин како што е спомнато во хадисот е причина за блискост и љубов помеѓу муслиманите.

Доколку две лица се во иста положба во однос на гореспомнатото, подобриот од нив ќе биде тој што прв ќе поздрави со селам.

Потполноста на овој верозакон кој го објаснил сето она што им е неопходно на луѓето.

Подучување со правилата на поздравување со селам, со кои секому му се дава неговото право.

التصنيفات

Едеби на селамот и барањето на дозвола за влез