„Возвишениот Аллах наредил доброчинство и убаво однесување во секоја работа

„Возвишениот Аллах наредил доброчинство и убаво однесување во секоја работа

Од Шедад бин Евс, радијаллаху анху, се пренесува дека рекол: Две работи ги запомнив од Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем: „Возвишениот Аллах наредил доброчинство и убаво однесување во секоја работа. Па и кога убивате, направете го тоа на лесен начин, а кога колете животно направете го тоа што полесно. Секој од вас нека го наоштри ножот за да не го измачува животното."

[صحيح] [رواه مسلم]

الشرح

Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, нѐ известил дека Аллах ни наредил добродетелство во сите работи, а добродетелство е: постојано да внимаваме на Аллаховите надгледување, во ибадетите кон Него, или со секој чин на добродетелсво и да не ги малтретираме останатите суштества, а тоа се однесува и кога убиваме или колеме. Добродетелство дури и кога се извршува егзекуција како казна за убиство: така што ќе се одбере брз, најлесен и најмалку мачен начин на егзекуција. Додека добродетелство кога колеме некое животно е: да го наостриме ножот пред колењето, да не го остриме предметот пред животното додека тоа гледа во истиот, и да не го колеме додека има некој кој поминува и може да го види чинот на колењето.

فوائد الحديث

Аллаховата милост и добрина кон созданијата.

Добрина дури и кога вршиме егзекуција и колење така што ќе го направиме на пропишан начин.

Шеријатот е совршен и ги опфаќа сите добрини, меѓу останатото е: милост и убаво постапување кон животните.

Забрана на унаказување на човечкото тело откако ќе биде убиен.

Забрана на сите облици на измачување на животното.

التصنيفات

Колење, Добри морални особини