Кога робот ќе направи грев и ќе рече: ,Аллаху мој, прости ми го мојот грев

Кога робот ќе направи грев и ќе рече: ,Аллаху мој, прости ми го мојот грев

Од Ебу Хурејре, радијаллаху анху, се пренесува, дека Аллаховиот Пратеник, салаллаху алејхи ве селем, пренесувајќи од својот Господар рекол: „Кога робот ќе направи грев и ќе рече: ,Аллаху мој, прости ми го мојот грев.', Аллах, Возвишениот вели: ,Мојот роб згрешил и знае дека има Господ Кој ги простува гревовите и казнува за гревовите', потоа пак ќе направи грев и ќе каже: ,Господару, прости ми го гревот', а Аллах, Возвишениот вели: ,Мојот роб згрешил и знае дека има Господ Кој ги простува гревовите и казнува за гревовите', потоа пак ќе направи грев и ќе каже: ,Господару, прости ми го гревот', а Аллах, Возвишениот вели: ,Мојот роб згрешил и знае дека има Господ Кој ги простува гревовите и казнува за гревовите, прави што сакаш, Јас ти ги простив гревовите.'"

[صحيح] [متفق عليه]

الشرح

Аллаховиот Пратеник, салаллаху алејхи ве селем, го пренесува овој говор од неговиот Господар дека кога Аллаховиот роб ќе направи грев, а потоа ќе рече: „Аллаху мој, прости ми го гревот!“, Аллах вели: „Мојот роб направил грев. Тој знае дека има Господ Кој може да го прости гревот, може да го сокрие и да го надмине, или може да казни. Му простив на таквиот.“ По некое време, истиот тој роб повторно прави грев, и Му се обраќа на Аллах: „Господару, прости ми!“ Аллах потоа вели: „Мојот роб направи грев. Тој знае дека има Господ Кој може да го прости гревот, може да го сокрие и да го надмине, или може да казни. Му простив на Мојот роб.“ Потоа повторно го прави гревот и вели: „Господару, прости ми го гревот!“ Аллах вели: „Мојот роб направи грев“. Тој знае дека има Господ кој може да прости грев, може да го сокрие и да премине преку него, а може и да казни. Му простив на Мојот роб. Нека прави што сака затоа што сѐ додека прави гревови, а потоа се кае со намера повеќе да не се врати на гревот. Меѓутоа, страстите го совладуваат и тој повторно запаѓа во грев. Сè додека тој постапува вака со гревот, барајќи опрост и прошка, Јас ќе му простувам бидејќи покајанието го брише она што било направено претходно.“

فوائد الحديث

Аллаховата милост кон Неговите робови е голема, и колку и да згреши човек и што и да направи, ако се покае и Му се врати, Аллах ќе му прости.

Оној кој верува во Аллах Возвишениот, се надева на Неговото простување и се плаши од Неговата казна. Затоа нека побрза кон покајанието и нека не продолжува со своите гревови.

Условите за правилно покајание се: престанок со гревот, каење за гревот, цврста одлука дека нема да се вратиме на тој грев, а ако се работи за неправда извршена врз други луѓе во однос на нивниот имот, честа или животот; тогаш го имаме и четвртиот услов, а тоа е: барање прошка од оној на кој му е нанесена неправда или да му се врати она што му припаѓа.

Важноста на знаењето за Аллах, затоа што тоа го насочува човекот да се покае кога ќе направи грев и не му дозволува да инсистира на гревот и да ја изгуби надежта во милоста на Аллах.

التصنيفات

Вредностите на зикрот