„Аллахумме инни е'узу бике мин галебетид-дејни, ве галебетил-'адувви, ве шематетил-е'адаи. (О Аллаху, барам засолниште кај Тебе да не бидам совладан од долгови, да не…

„Аллахумме инни е'узу бике мин галебетид-дејни, ве галебетил-'адувви, ве шематетил-е'адаи. (О Аллаху, барам засолниште кај Тебе да не бидам совладан од долгови, да не бидам совладан од непријателот и непријателите да не ликуваат за тоа).“

Абдулах бин Амр бин ел Ас, радијаллаху анхума, рекол: Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, се молеше со следни зборови: „Аллахумме инни е'узу бике мин галебетид-дејни, ве галебетил-'адувви, ве шематетил-е'адаи. (О Аллаху, барам засолниште кај Тебе да не бидам совладан од долгови, да не бидам совладан од непријателот и непријателите да не ликуваат за тоа).“

[صحيح] [رواه النسائي وأحمد]

الشرح

Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, побарал заштита од следниве работи: Прво: (Аллах Господару мој, барам засолниште) прибежиште и засолниште (кај Тебе) а не кај некој друг, (да не бидам совладан од долгот) од неговото совладување, неговите грижи и неговата несреќа, и Те молам за помош да го отплатам и да го подмирам. Второ: (да не бидам совладан од непријателот), од потчинување и доминација. Те молам да ја запреш штетата која ја носи и да ми помогнеш да го совладам. Трето: (непријателот да не ликува) и да се радува поради несреќата и искушението кое ги снајде муслиманите.

فوائد الحديث

Поттик луѓето да бараат засолниште кај Аллах од сè што го одвлекува вниманието од послушноста и што носи грижи, како што се долговите и други работи.

Долгот сам по себе не е штетен, тој станува проблематичен за оној кој не може да го врати, и за таквиот велиме дека е преоптоварен со долгот.

Човекот треба да ги избегнува работите заради кои може да биде критикуван и обвинет.

Појаснување за непријателството на неверниците кон верниците и дека тие ликуваат кога верниците ќе ги снајде неволја.

Непријателите покажуваат радост за несреќите на човекот, од што на истиот му е потешко од самата несреќа.

التصنيفات

Довите пренесени во верските текстови