„Никој од вас нема да биде верник сè додека не ме сака повеќе од неговиот татко, неговото дете и од сите луѓе.“

„Никој од вас нема да биде верник сè додека не ме сака повеќе од неговиот татко, неговото дете и од сите луѓе.“

Се пренесува дека Енес, радијаллаху анху, кажал: Аллаховиот Пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Никој од вас нема да биде верник сè додека не ме сака повеќе од неговиот татко, неговото дете и од сите луѓе.“

[صحيح] [متفق عليه]

الشرح

Аллаховиот Пратеник, алејхи селам, нè информира дека муслиманот нема да има целосно верување се додека не ѝ даде предност на љубовта кон Аллаховиот пратеник, пред љубовта кон неговата мајка, татко, син, ќерка и сите луѓе. Оваа љубов бара и да го следиме и помогнеме, и да не бидеме непослушни кон него.

فوائد الحديث

Љубовта кон Аллаховиот пратеник, алејхи селам, е задолжителна, исто така таа мора да биде пред љубовта кон другитe, било да се луѓе или други живи суштества.

Од знаците на потполна љубов е: Да ја помогнеме традицијата-Сунетот на Аллаховиот пратеник, со лична и материјална жртва.

Љубовта кон Аллаховиот пратеник, алејхи селам, значи да им се покоруваме на неговите заповеди, да ги сметаме за вистина сите работи со кои нè извести, да се оддалечиме од она што тој го забрани, да ја следиме неговата традиција и да ги избегнуваме бидатите.

Правото кое го има Аллаховиот Пратеник е поголемо и поприоритетно од правото на кое било човечко суштество, поради фактот што тој е причината за нашето упатство, нашето спасение од Џехенемот и влез во Џенетот.

التصنيفات

Дела на срцето