إعدادات العرض
„Кој ќе посети гатач и ќе го праша за нешто, намазот нема да му се прими четириесет ноќи.“
„Кој ќе посети гатач и ќе го праша за нешто, намазот нема да му се прими четириесет ноќи.“
Од една од сопругите на Аллаховиот пратеник, алејхи селам, се пренесува дека тој рекол: „Кој ќе посети гатач и ќе го праша за нешто, намазот нема да му се прими четириесет ноќи.“
الترجمة
العربية Bosanski English فارسی Français Bahasa Indonesia Русский اردو 中文 हिन्दी বাংলা Español Kurdî Hausa Português മലയാളം తెలుగు Kiswahili தமிழ் සිංහල မြန်မာ ไทย Deutsch 日本語 پښتو Tiếng Việt অসমীয়া Shqip Svenska Čeština ગુજરાતી አማርኛ Yorùbá Nederlands ئۇيغۇرچە Türkçe دری Magyar Italiano ಕನ್ನಡ Кыргызча Lietuvių Malagasy Română Kinyarwanda नेपाली Српски Soomaali Moore Українська Български Tagalog Wolof Azərbaycan ქართული тоҷикӣ bm Oromooالشرح
Аллаховиот Пратеник, алејхи селам, нè предупредува да не одиме кај гатач кој, на овој или оној начин, тврди дека го знае гајбот, служејќи се со разни методи. Дури и само да се праша за нешто од невидливото, Аллах на тој што прашал нема да му ја даде наградата за намазот во период од четириесет дена. Тоа е казната за овој грев и за големиот престап што го направил.فوائد الحديث
Забрането е да се занимаваме со гатање, истовремено и да отидеме кај гатачите и да ги прашуваме за непознатото.
Човекот може да ја изгуби наградата за некое добро дело како казна заради гревот што го направил.
Значењето на овој хадис вклучува и забрана на хороскопи, читање во дланка и гледање во филџан, дури ако е од чиста љубопитност. Сето ова е гатање и претендира знаење на гајбот-непознатото.
Ако е ваква казната за тој што оди кај гатачот, а каква ќе биде, тогаш, казната за самиот гатач?
Намазот во тие четириесет дена ќе важи и не мораме накнадно да ги клањаме (казаа) тие намази, но за нив нема да добиеме никаква награда.
التصنيفات
Имиња и прописи