„Кој од вас ќе види зло, нека го промени со својата рака; ако не може, тогаш со својот јазик; ако не може, тогаш нека го осуди со своето срце, а тоа е најслабиот вид на…

„Кој од вас ќе види зло, нека го промени со својата рака; ако не може, тогаш со својот јазик; ако не може, тогаш нека го осуди со своето срце, а тоа е најслабиот вид на иман.“

Ебу Сеид ел Худри, Аллах нека е задоволен со него, рекол: Го слушнав Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, како вели: „Кој од вас ќе види зло, нека го промени со својата рака; ако не може, тогаш со својот јазик; ако не може, тогаш нека го осуди со своето срце, а тоа е најслабиот вид на иман.“

الشرح

Божјиот Пратеник, салаллаху алејхи ве селем, нареди да се промени (спречи) злото - сè што Аллах и Неговиот Пратеник го забраниле - според можностите: Ако некој види зло, треба да го спречи со рака, ако е во можност. Ако не може, тогаш нека го спречи со зборови, советувајќи го сторителот, објаснувајќи му ја штетата и насочувајќи го кон доброто. Ако не го може ни тоа, тогаш нека го осуди со срцето, мразејќи го злото и со намера дека истото би го спречил кога би можел. Осудувањето со срцето е најслабиот вид на иман во спречување на злото.

فوائد الحديث

Хадисот е основа во објаснувањето на степените на спречувањето на злото.

Наредбата за постепеното спречување на злото, секој според своите можности и способности.

Спречувањето на злото е голема обврска во верата и никој не е лишен од неа; секој муслиман е должен според своите можности.

Наредувањето на доброто и спречувањето на злото се гранки на иманот, кој се зголемува и намалува.

Услов за спречување на злото е знаењето дека тој чин е навистина зло.

Услов за промена на злото е да не предизвика уште поголемо зло од него.

Спречувањето на злото има свои правила и услови кои муслиманот треба да ги научи.

Спречувањето на злото бара шеријатска политика, знаење и јасен доказ.

Неосудувањето на злото со срцето укажува на слабоста на иманот.