Што мислиш, ако ги клањам задолжителните намази, постам во рамазан, го сметам халалот за халал и харамот за харам,

Што мислиш, ако ги клањам задолжителните намази, постам во рамазан, го сметам халалот за халал и харамот за харам,

Џабир, Аллах нека е задоволен со него, пренесува: Еден човек го праша Божјиот Пратеник, салаллаху алејхи ве селем: „Што мислиш, ако ги клањам задолжителните намази, постам во рамазан, го сметам халалот за халал и харамот за харам, и не правам ништо повеќе од тоа, дали ќе влезам во Џенетот?“ Тој одговори: „Да“. Човекот рече: „Се колнам во Аллах, нема да направам ништо повеќе од тоа.“

الشرح

Божјиот Пратеник, салаллаху алејхи ве селем, објаснува дека оној кој ги извршува петте задолжителни намази и не додава ништо од доброволните, пости во рамазан без дополнителен доброволен пост, верува во она што е дозволено и го прави, и верува во она што е забрането и го избегнува, ќе влезе во Џенетот.

فوائد الحديث

Муслиманот треба да се грижи за извршувањето на задолжителните обврски и за избегнувањето на забранетото, со цел да влезе во Џенетот.

Важноста на правењето на дозволеното и убеденоста во неговата дозволеност, и избегнувањето на забранетото и убеденоста во неговата забранетост.

Извршувањето на задолжителните обврски и избегнувањето на забранетото се причина за влез во Џенетот.