إعدادات العرض
,Во себе чувствуваме толку лоши мисли кои не се осмелуваме да ги изговориме.’ Тој ги праша: ,Навистина ли го чувствувате тоа?’ Тие одговорија: ,Да.’ Тој рече: ,Тоа е…
,Во себе чувствуваме толку лоши мисли кои не се осмелуваме да ги изговориме.’ Тој ги праша: ,Навистина ли го чувствувате тоа?’ Тие одговорија: ,Да.’ Тој рече: ,Тоа е јасен показател на иманот.’“
Ебу Хурејре, Аллах нека е задоволен со него, рекол: „Некои од асхабите на Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, дојдоа и го прашаа: ,Во себе чувствуваме толку лоши мисли кои не се осмелуваме да ги изговориме.’ Тој ги праша: ,Навистина ли го чувствувате тоа?’ Тие одговорија: ,Да.’ Тој рече: ,Тоа е јасен показател на иманот.’“
الترجمة
العربية English မြန်မာ Svenska Čeština ગુજરાતી አማርኛ Yorùbá Nederlands اردو Español Bahasa Indonesia ئۇيغۇرچە বাংলা Türkçe Bosanski සිංහල हिन्दी Tiếng Việt Kurdî Hausa മലയാളം తెలుగు Kiswahili ไทย پښتو অসমীয়া Shqip دری Ελληνικά Български Fulfulde Italiano ಕನ್ನಡ Кыргызча Lietuvių Malagasy or Română Kinyarwanda Српски тоҷикӣ O‘zbek नेपाली Moore Oromoo Wolof Soomaali Tagalog Français Azərbaycan Українська bm தமிழ் Deutsch ka Portuguêsالشرح
Некои од асхабите на Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, дојдоа и го прашаа за лошите мисли што ги чувствуваат во себе, кои се толку ужасни што не се осмелуваат да ги изговорат поради нивната грдост и одвратност. На тоа Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, рече: „Тоа што го чувствувате е јасен показател на иманот и убеденоста што ве тера да го спречите она што шејтанот го фрла во срцето и да се згрозите од изговарањето на таквите мисли. Шејтанот не успеал да ги освои вашите срца, за разлика од оние чии срца ги освоил и кои не се борат против него.“فوائد الحديث
Ова објаснува дека шејтанот е слаб кај верниците, бидејќи тој може само да шепоти лоши мисли.
Не треба да се верува и прифаќа она што душата го чувствува од шејтанските шепотења, бидејќи тоа доаѓа од шејтанот.
Шејтанските шепотења не му штетат на верникот, но тој треба да бара заштита од Аллах од таквите мисли и да не размислува за нив.
Муслиманот не треба да молчи за она што му е нејасно во врска со неговата вера, туку треба да праша за тоа.