إعدادات العرض
„Возвишениот Аллах ќе им рече на жителите на Џенетот: ,О, жители на Џенетот!‘ Тие ќе одговорат: ,Ти се одѕиваме, Господару наш!‘ Потоа Аллах ќе праша: ,Дали сте…
„Возвишениот Аллах ќе им рече на жителите на Џенетот: ,О, жители на Џенетот!‘ Тие ќе одговорат: ,Ти се одѕиваме, Господару наш!‘ Потоа Аллах ќе праша: ,Дали сте задоволни?‘ Тие ќе речат: ,Како да не бидеме задоволни кога ни го даде она што не си му го дал на ниту едно од твоите созданија?‘
Од Ебу Сeид ел-Худри, Аллах нека е задоволен со него, се пренесува дека рекол: Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Возвишениот Аллах ќе им рече на жителите на Џенетот: ,О, жители на Џенетот!‘ Тие ќе одговорат: ,Ти се одѕиваме, Господару наш!‘ Потоа Аллах ќе праша: ,Дали сте задоволни?‘ Тие ќе речат: ,Како да не бидеме задоволни кога ни го даде она што не си му го дал на ниту едно од твоите созданија?‘ Тогаш Аллах ќе рече: ,Ќе ви дадам нешто уште повредно од тоа.‘ Тие ќе прашаат: ,Господару наш, а што е повредно од тоа?‘ Аллах ќе одговори: ,Ќе го спуштам Моето задоволство врз вас, и потоа никогаш нема да се налутам на вас.‘“
الترجمة
العربية বাংলা Bosanski English Español فارسی Français Bahasa Indonesia Русский Türkçe اردو 中文 हिन्दी Tagalog Tiếng Việt Hausa Kurdî Português සිංහල অসমীয়া Kiswahili ગુજરાતી Nederlands አማርኛ پښتو नेपाली ไทย മലയാളം Кыргызча Română Malagasy Svenska తెలుగు Српски ქართული Moore Magyarالشرح
Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, известил дека Возвишениот Аллах ќе им се обрати на жителите на Џенетот и ќе рече: „О, жители на Џенетот!“ Тие ќе одговорат: „Ти се одѕиваме, Господару наш!“ Потоа Аллах ќе праша: „Дали сте задоволни?“ Тие ќе одговорат: „Да, Господару, задоволни сме! Како да не бидеме задоволни кога ни го даде она што не си му го дал на никое од твоите созданија!“ Тогаш Аллах ќе рече: „А зарем да не ви дадам нешто уште повредно од тоа?“ Тие ќе прашаат: „Господару наш, а што може да биде повредно од тоа?“ Аллах ќе одговори: „Ќе го спуштам Моето трајно задоволство врз вас, и потоа никогаш повеќе нема да се налутам на вас.“فوائد الحديث
Возвишениот Аллах ќе разговара со жителите на Џенетот.
Аллах ќе им ја соопшти радосната вест на жителите на Џенетот дека е задоволен со нив, дека ќе го спушти Неговото трајно задоволство врз нив и ќе им каже дека никогаш нема да се налути на нив.
Сите жители на Џенетот ќе бидат задоволни со својата состојба, иако нивните положби и степени се различни, затоа што сите тие ќе одговорат со истите зборови: „Ни го даде она што не си му го дал на ниту едно од твоите созданија.“