إعدادات العرض
О Аллах, Ти си Селам и од Тебе е селамот, благословен си Ти, О Сопственику на големината и благородноста
О Аллах, Ти си Селам и од Тебе е селамот, благословен си Ти, О Сопственику на големината и благородноста
Од Севбан, радијаллаху анху, се пренесува дека рекол: Аллаховиот Пратеник, алејхи селам, кога завршуваше со намазот, трипати бараше прошка од Аллах, а потоа кажуваше: „О Аллах, Ти си Селам и од Тебе е селамот, благословен си Ти, О Сопственику на големината и благородноста.“ Велид рекол: „Го прашав Евзаи за тоа како да побарам прошка од Аллах, а тој ми рече: ,Изговарај: Естагфирулах, естагфирулах.‘“
[صحيح] [رواه مسلم]
الترجمة
العربية বাংলা Bosanski English Español فارسی Français Bahasa Indonesia Русский Tagalog Türkçe اردو 中文 हिन्दी Kurdî Hausa Português മലയാളം తెలుగు Kiswahili தமிழ் မြန်မာ ไทย 日本語 پښتو Tiếng Việt অসমীয়া Shqip Svenska Čeština ગુજરાતી አማርኛ Yorùbá Nederlands ئۇيغۇرچە සිංහල دری Magyar Italiano ಕನ್ನಡ Кыргызча Lietuvių Malagasy Kinyarwanda नेपाली Română Српски Soomaali Moore Deutsch Українська Български Wolof Azərbaycan ქართული тоҷикӣ bmالشرح
Кога Аллаховиот пратеник, алејхи селам, завршуваше со намазот, кажуваше: Естегфируллах, естегфируллах, естегфируллах. Потоа го величаше Господарот велејќи: „Аллаху мој, Ти си Селам (Мир) и ти даваш селам (мир), благословен си Ти, Сопственику на големината и благородноста.“ Аллах е Селам, т.е. Тој има совршени својства и е далеку од каков било недостаток или мана. Од Него, и од никој друг, Славен нека е, бараме спас од сите зла на овој и на идниот свет. Тој го поседува доброто на овој и на другиот свет. Нему му приличи и е сопственик на големината и благородноста.فوائد الحديث
Пофално е да бараме прошка за гревовите веднаш по намазот и тоа да го правиме почесто.
Пофално е да бараме прошка за гревовите, како надополнување на недостатоците и пропустите во ибадетите.
التصنيفات
Зикрови во намазот