„Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, беше посрамежлив од девицата во нејзините одаи, кога ќе видеше нешто што не му се допаѓаше се препознаваше на…

„Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, беше посрамежлив од девицата во нејзините одаи, кога ќе видеше нешто што не му се допаѓаше се препознаваше на неговото лице.“

Ебу Сеид ел-Худри, Аллах нека е задоволен со него, раскажува: „Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, беше посрамежлив од девицата во нејзините одаи, кога ќе видеше нешто што не му се допаѓаше се препознаваше на неговото лице.“

[صحيح] [متفق عليه]

الشرح

Ебу Сеид ел-Худри, Аллах нека е задоволен со него, појаснува дека Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, бил посрамежлив од девицата што е заштитена во својот дом и не стапила во брак, ниту имала контакт со мажи. Од неговата голема срамежливост беше и тоа што ако нешто не му се допаѓаше, не зборуваше за тоа, туку неговото лице се менуваше, а неговите асхаби по тоа разбираа дека му е непријатно.

فوائد الحديث

Објаснување за срамежливоста која го красела Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, и дека срамежливоста е високо морална особина.

Срамежливоста на Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, била постојана сè додека не се прекршат Аллаховите граници. Кога тие би биле погазени, тој се лутел, ги советувал своите асхаби, им наредувал добро и забранувал зло.

Поттик за стекнување за срамежливоста како доблест, бидејќи таа го води човекот кон доброто и го оддалечува од срамното.

التصنيفات

Срамежливоста на Божјиот пратеник, мир и благослов над него