од Аллаховиот Пратеник, алејхи селам, пренесува дека тоој за енсариите рекол: „Нив ги сака само верникот, а ги мрази само лицемерот. Кој ги сака, Аллах го сака и…

од Аллаховиот Пратеник, алејхи селам, пренесува дека тоој за енсариите рекол: „Нив ги сака само верникот, а ги мрази само лицемерот. Кој ги сака, Аллах го сака и него, а кој ги мрази, Аллах таквиот го мрази

Бера, радијаллаху анху, од Аллаховиот Пратеник, алејхи селам, пренесува дека тоој за енсариите рекол: „Нив ги сака само верникот, а ги мрази само лицемерот. Кој ги сака, Аллах го сака и него, а кој ги мрази, Аллах таквиот го мрази."

[صحيح] [متفق عليه]

الشرح

Аллаховиот пратеник, алејхи селам, нè информира дека љубовта кон енсариите, од жителите на Медина, е знак на потполно верување. Затоа што тие први гo помогнаа исламот и Аллаховиот пратеник. Тие им обезбедија засолниште на муслиманите, и го жртвуваа својот имот и животот на Аллаховиот пат. Од друга страна омразата кон нив е знак на лицемерие. Потоа Аллаховиот пратеник, алејхи селам, ни објаснува дека тој што ги сака енсарите, Аллах ќе го сака и него, а кој ги мрази, Аллах таквиот го мрази.

فوائد الحديث

Истакната е големата вредност на енсариите, да ги сакаме е знак на верувањето и таквиот е спасен од лицимерието.

Да се сакаат и помагаат Аллаховите евлии (миленици и штитеници) е причина Аллах да го засака Својот роб.

Вредноста на првите муслимани и тие кои побрзаа да го примат исламот.

التصنيفات

Гранките на иманот - верувањето, Вредноста на асхабите, Аллах нека е задоволен со нив