إعدادات العرض
„Алаховиот Пратеник и јас се бањавме од ист сад, а и двајцата бевме џунуб. Исто така, кога имав менструален циклус, тој ми нареди да го покријам интимниот дел на…
„Алаховиот Пратеник и јас се бањавме од ист сад, а и двајцата бевме џунуб. Исто така, кога имав менструален циклус, тој ми нареди да го покријам интимниот дел на телото, а потоа интимно се задоволуваше
Од Аиша, мајката на верниците, радијаллаху анха, се пренесува дека кажала: „Алаховиот Пратеник и јас се бањавме од ист сад, а и двајцата бевме џунуб. Исто така, кога имав менструален циклус, тој ми нареди да го покријам интимниот дел на телото, а потоа интимно се задоволуваше. Исто така, кога беше во итикаф, во џамија, тој ја наведнуваше главата (во просторот на Аишината соба), а јас го бањав, а бев во менструален циклус.“
الترجمة
العربية Bosanski English Español فارسی Français Bahasa Indonesia Русский Türkçe اردو 中文 हिन्दी ئۇيغۇرچە Hausa Português Kurdî Kiswahili සිංහල Svenska ગુજરાતી አማርኛ Yorùbá Tiếng Việt پښتو অসমীয়া دری Кыргызча or Malagasy नेपाली Čeština Oromoo Română Nederlands Soomaali తెలుగు മലയാളം Lietuvių Српски ไทย Kinyarwanda Shqip ಕನ್ನಡ Wolof Українська Moore ქართული Magyar தமிழ்الشرح
Аиша, мајката на верниците, во овој хадис известува за некои од интимните моменти кои ги имала со Аллаховиот пратеник, алејхи селам: дека таа и Аллаховиот Пратеник се капеле заедно, земајќи вода од истиот сад. И додека таа била во менструален период, ѝ рекол да го покрие делот на телото од папокот до колената, а потоа интимно се задоволувал со неа без да имаат сексуален однос. Аллаховиот пратеник, алејхи селам, ја вадел главата надвор (низ отвор) од џамијата, додека бил во итикаф, за Аиша да му ја измие, а таа се била во менструален циклус.فوائد الحديث
Дозволено е мажот и сопругата да се бањаат со ист сад.
Дозволено е интимно задоволување со сопругата во текот на менструален циклус, но не и вагинално, бидејќи останатиот дел од нејзиното тело е чист.
Пожелно е жената за време на менструалниот циклус да го покрива делот околу гениталниот орган, кога е интимна со сопругот.
Треба да ги преземеме мерките за да се заштитиме и да не направиме нешто забрането.
Забрането е жената во менструален циклус да биде во џамија.
Жената во менструален циклус смее да допира и суво и влажно. Тука спаѓа и миењето и чешлањето на косата.
Убавото однесување на Аллаховиот пратеник, алејхи селам, со своето семејство.