„Ќе им биде простено на сите мои следбеници, освен оние кои јавно ќе го разгласат (гревот)

„Ќе им биде простено на сите мои следбеници, освен оние кои јавно ќе го разгласат (гревот)

Од Ебу Хурејре, радијаллаху анху, се пренесува дека рекол: Го слушнав Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, како вели: „Ќе им биде простено на сите мои следбеници, освен оние кои јавно ќе го разгласат (гревот). Јавно разгласување на гревови е кога некој ќе направи нешто во текот на ноќта, а наутро, откако Аллах ќе му го сокрие тоа, ќе повика некого и ќе му рече: ,Синоќа направив тоа и тоа.‘, тој заспал со грев сокриен од својот Господар, а се разбудил споделувајќи го она што Аллах го сокрил од другите.“

[صحيح] [متفق عليه]

الشرح

Аллаховиот пратеник, алејхи селам, ни објаснува дека за муслиманот грешник, треба да се надеваме дека Возвишениот ќе му прости, освен ако тој јавно не ги истакнува своите гревови, фалејќи се и од бесрамност, таквиот не заслужува прошка. Тој ноќе направил грев, а наутро откако Аллах му го сокрил гревот, тој го објавува кажувајќи му на некој за тоа, иако Возвишениот му го сокрил!

فوائد الحديث

Грдоста на јавното обзнанување на гревот кој сме го направиле, откако Аллах, Возвишениот ни го сокрил.

Со јавното разгласување на направениот грев, шириме неморал помеѓу верниците.

Кому Аллах ќе му го сокрие гревот на овој свет на истиот ќе му го сокрие и на оној свет, ова е голема милост од Аллах, Возвишениот, кон Неговите робови.

Кој ќе биде ставен во искушение со гревот, треба да го сокрие и да се покае кај Аллах.

Големината на гревот кој го прават тие кои јавно го огласуваат направениот грев, и со тоа ја пропуштаат можноста да им биде простено.

التصنيفات

Осудување на гревовите