„Кој ќе ја помине ноќта на Лејлетул Кадр во намаз, верувајќи и очекувајќи награда за тоа, ќе му се простат гревовите кои претходно ги направил

„Кој ќе ја помине ноќта на Лејлетул Кадр во намаз, верувајќи и очекувајќи награда за тоа, ќе му се простат гревовите кои претходно ги направил

Ебу Хурејре, радијаллаху анху, пренесува дека Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Кој ќе ја помине ноќта на Лејлетул Кадр во намаз, верувајќи и очекувајќи награда за тоа, ќе му се простат гревовите кои претходно ги направил."

الشرح

Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, ни кажува за вредноста на намазот во ноќта Кадр која е во последните десет ноќи на месецот рамазан, и дека тој што ќе ја помине во молитва, учејќи дови, цитирајќи Куран и спомнувајќи го Аллах, притоа верувајќи во нејзината вредност и во тоа што е спомнато за нејзината вредност, очекувајќи со тие дела награда од Аллах, а не за да го видат луѓето и да се покаже пред нив, ќе му се простат гревовите кои ги направил пред тоа.

فوائد الحديث

Вредноста на Лејлетул Кадр и поттикот за намаз во таа ноќ.

Добрите дела нема да бидат примени освен со искрени намери.

Аллаховата благодат и милост, оној кој ќе ја пробдее ноќта Кадр во молитва, цврсто верувајќи и очекувајќи награда за тоа, ќе му бидат простени гревовите кои дотогаш ги направил.