,Добродетелство е убавото однесување, а грев е она што ти тежи во срцето и не сакаш да го дознаат луѓето.‘“

,Добродетелство е убавото однесување, а грев е она што ти тежи во срцето и не сакаш да го дознаат луѓето.‘“

Невас бин Симан ел-Енсари, Аллах нека е задоволен со него, раскажува: „Го прашав Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, за добродетелството и гревот, па тој рече: ,Добродетелство е убавото однесување, а грев е она што ти тежи во срцето и не сакаш да го дознаат луѓето.‘“

[صحيح] [رواه مسلم]

الشرح

Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, беше прашан за добродетелството и гревот, па рече: „Највозвишените гранки на добродетелството се: убавиот однос со Аллах – преку богобојазливоста и убавиот однос со луѓето – преку трпеливост при навредите, воздржаност од гневот, ведрина на лицето, убавиот говор, одржувањето на роднинските врски, послушноста, љубезноста, добрината, убавиот соживот и пријателство. А гревот е она што во душата предизвикува неодлучност и двоумење, без да почувствува спокојство за него, и она што во срцето буди сомнеж и страв дека е грев. Тоа е она што човекот не сака да го открие, бидејќи го смета за срамно пред угледните и чесни луѓе. По природа, душата сака нејзините добри дела да бидат познати, а ако не сака некој да дознае за некои од нејзините постапки, тогаш се работи за грев во кој нема добро.“

فوائد الحديث

Поттик за убавото однесување, бидејќи тоа е една од највозвишените гранки на добродетелството.

Вистината и лагата не му се нејасни на верникот – тој ја препознава вистината преку светлината во своето срце, а од лагата се оддалечува и ја отфрла.

Еден од знаците на гревот е грижата и вознемиреноста на срцето, како и непријатноста од тоа луѓето да дознаат за него.

Ес-Синди рекол: „Ова се однесува на сомнителните работи во кои луѓето не можат со сигурност да утврдат дали нешто е дозволено или не. А она што е јасно наредено во шеријатот, без доказ што укажува на спротивното, спаѓа во добродетелството, додека она што е недвосмислено забрането припаѓа на гревовите. Во такви случаи, нема потреба од враќање кон срцето ниту од барање негов спокој.“

Оние на кои им се обраќа хадисот се луѓето со чиста фитра, а не оние со изопачени срца, кои не го препознаваат доброто ниту го отфрлаат злото, таквите прифаќаат само она што се совпаѓа со нивните страсти.

Ет-Тиби рекол: „Се вели дека добродетелството во хадисот е толкувано на различни начини. На едно место е објаснето како она што му носи спокој на срцето и душата, на друго е толкувано како иманот, на трето како сè што те приближува до Аллах, а овде како убавото однесување. Убавото однесување е толкувано како трпеливост на навредите, воздржаност од гневот, ведрина на лицето и убавиот говор. Сите овие значења се меѓусебно поврзани.“

التصنيفات

Добри морални особини, Дела на срцето