„Кому му е ускратена благоста, нему му е ускратено секое добро.“

„Кому му е ускратена благоста, нему му е ускратено секое добро.“

Од Џерир, Аллах нека е задоволен со него, се пренесува дека Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Кому му е ускратена благоста, нему му е ускратено секое добро.“

[صحيح] [رواه مسلم]

الشرح

Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, известува дека оној кому му е ускратена благоста нема да има успех ниту во верските, ниту во овосветските работи, ниту во своите лични постапки, ниту во односите со другите. Таквиот е лишен од секое добро.

فوائد الحديث

Вредноста на благоста, поттик за нејзиното практикување и укор за грубото однесување.

Благоста е причина за успех на овој и на идниот свет, додека грубоста води кон спротивното на тоа.

Благоста произлегува како резултат на убавиот карактер, додека грубоста произлегува од гневот и суровоста. Затоа, Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, ја пофалил благоста и ја нагласил нејзината важност.

Суфјан ес-Севри, Аллах нека му се смилува, им рекол на своите ученици:

„Знаете ли што е благоста? Тоа е да ги поставиш работите на нивното место – строгоста на нејзиното место, благоста на нејзиното место, мечот на неговото место и камшикот на неговото место.“

التصنيفات

Добри морални особини