„Придржувајте се кон искреноста, бидејќи искреноста води кон добродетелството, а добродетелството води кон Џенетот

„Придржувајте се кон искреноста, бидејќи искреноста води кон добродетелството, а добродетелството води кон Џенетот

Од Абдулах бин Месуд, Аллах нека е задоволен со него, се пренесува: Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Придржувајте се кон искреноста, бидејќи искреноста води кон добродетелството, а добродетелството води кон Џенетот. Човекот кој постојано е приврзан кон искреноста и се труди да биде искрен ќе биде запишан кај Аллах од искрените. И чувајте се од лагата, бидејќи лажењето води кон грев, а гревот води кон Огнот. Човекот кој постојано лаже и се стреми кон лагата ќе биде запишан кај Аллах како лажливец.“

[صحيح] [متفق عليه]

الشرح

Веровесникот, салаллаху алејхи ве селем, наредил придржување кон искреноста и објаснил дека истрајноста во искреноста го води човекот кон постојаност во извршувањето на добри дела. Оној кој постојано се придржува кон доброто, ќе биде упатен на патот кој води кон Џенетот. Човекот кој секогаш е искрен, како во тајност, така и јавно, заслужува да биде викан искрен. Потоа, салаллаху алејхи ве селем, предупредил за лажењето и за зборувањето невистини, бидејќи тие го оддалечуваат човекот од исправниот пат и го наведуваат на зло, безредие и гревови, кои на крајот го водат кон пеколот. Човекот кој постојано лаже и тоа му станува навика, на крајот ќе биде запишан кај Аллах како еден од лажливците.

فوائد الحديث

Искреноста е возвишена морална особина која се постигнува со трудење и истрајност. Човекот кој постојано говори искрено и се стреми кон искреноста, со време ќе ја претвори во своја природна особина и одлика, па ќе биде запишан кај Аллах како еден од искрените и доброчинителите.

Лажењето, од друга страна, е грда особина што човекот ја стекнува преку постојано практикување, било во зборови или во дела, сè додека не му стане природна навика и својство, поради што ќе биде запишан кај Аллах како еден од лажливците.

Искреноста опфаќа повеќе аспекти: искреност на јазикот, што е спротивно на лажењето; искреност во намерата, односно чистота на срцето; искреност во одлучноста за доброто што човекот го има како намера; искреност во делата, што подразбира усогласеност помеѓу она што го покажува јавно и она што го крие во срцето; и искреност во внатрешните состојби, како искреност во стравот од Аллах, надежта во Него и слично. Оној кој се одликува со сите овие аспекти ќе биде од најискрените, а оној кој се истакнува во дел од нив ќе биде запишан како искрен, но не од највисокото ниво на искреност.

التصنيفات

Добри морални особини