„На читачот на Куранот ќе му се каже: Читај и искачувај се, и рецитирај како што рецитираше на дуњалукот, бидејќи твоето место ќе биде кај последниот ајет што ќе го…

„На читачот на Куранот ќе му се каже: Читај и искачувај се, и рецитирај како што рецитираше на дуњалукот, бидејќи твоето место ќе биде кај последниот ајет што ќе го прочиташ.“

Абдуллах бин Амр, Аллах нека е задоволен со него, пренесува дека Божјиот Пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „На читачот на Куранот ќе му се каже: Читај и искачувај се, и рецитирај како што рецитираше на дуњалукот, бидејќи твоето место ќе биде кај последниот ајет што ќе го прочиташ.“

[حسن] [رواه أبو داود والترمذي والنسائي في الكبرى وأحمد]

الشرح

Божјиот Пратеник, салаллаху алејхи ве селем, објаснува дека ќе му се каже на учачот на Куранот, кој работел според него и постојано го учел и рецитирал, кога ќе влезе во Џенетот: Читај го Куранот и искачувај се по џенетските степени, и рецитирај како што рецитираше на дуњалукот со исправност и смиреност, бидејќи твоето место ќе биде на последниот ајет што ќе го проучиш.

فوائد الحديث

Наградата е според делата, во обем и во форма.

Поттик за рецитирањето на Куранот, неговото учење напамет, размислувањето за неговите ајети и работењето според Куранот.

Џенетот има многу нивоа и степени, каде што највисоките ги добиваат рецитаторите на Куранот.

التصنيفات

Вредноста на грижата за Куранот, Вредностите на Благородниот Куран