,Кога некој од вас ќе почувствува нешто во својот стомак, па се посомнева дали излегло нешто од него или не, тогаш нека не излегува од џамијата (од намазот), сè додека…

,Кога некој од вас ќе почувствува нешто во својот стомак, па се посомнева дали излегло нешто од него или не, тогаш нека не излегува од џамијата (од намазот), сè додека не чуе звук или не почувствува миризба.‘“

Од Ебу Хурејре, радијаллаху анху, се пренесува дека рекол: „Аллаховиот Пратеник, салаллаху алејхи ве селем, вели: ,Кога некој од вас ќе почувствува нешто во својот стомак, па се посомнева дали излегло нешто од него или не, тогаш нека не излегува од џамијата (од намазот), сè додека не чуе звук или не почувствува миризба.‘“

[صحيح] [رواه مسلم]

الشرح

Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, појаснил дека ако кај клањачот се појави сомнеж поради движење во стомакот, па не е сигурен дали навистина му излегло нешто или не; – тогаш не треба да излегува од намазот и да го прекинува за да го обнови абдестот, сè додека не се увери во настанување на нешто што го поништува абдестот, како што е да чуе звук или да почувствува миризба. Тоа е затоа што сомнежот не го поништува она што е сигурно; тој е сигурен дека имал абдест, а настанувањето на хадесот (излегувањето на нечистотија) е само сомнеж.

فوائد الحديث

Овој хадис е едно од основните начела на исламот и темелен принцип во фикхот, а тоа е дека сигурноста не се поништува со сомнеж. Основното правило е дека она што било сигурно – останува така, сè додека не се докаже спротивното.

Сомнежот не влијае врз чистотата (абдестот), и клањачот останува на својата состојба на чистота сè додека не се увери дека се случил хадес (нешто што го поништува абдестот).

التصنيفات

Фикхски и методолошки правила, Работи кои го расипуваат абдестот