„Кој ќе заборави некој намаз, нека го клања кога ќе се сети на него, заtoa што нема друго искупување за тоа освен на тој начин

„Кој ќе заборави некој намаз, нека го клања кога ќе се сети на него, заtoa што нема друго искупување за тоа освен на тој начин

Од Енес ибн Малик, радијаллаху анху, се пренесува дека Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Кој ќе заборави некој намаз, нека го клања кога ќе се сети на него, заtoa што нема друго искупување за тоа освен на тој начин.“ Потоа го рецитирал ајетот: „И извршувај го намазот за да Ме спомнуваш.“ (Та Ха, 14)

[صحيح] [متفق عليه]

الشرح

Пратеникот Мухаммед, салаллаху алејхи ве селем, објасниl дека оној кој ќе заборави да изврши некој од задолжителните намази сè додека не помине неговото време, треба веднаш да го надомести и да го клања штом се сети на него. Нема бришење или покривање на гревот од пропуштањето, освен ако муслиманот го изврши намазот кога ќе се сети. Аллах вели во Својата благородна Книга: „И извршувај го намазот за да Ме спомнуваш.“ (Та Ха, 14), односно: изврши го пропуштениот намаз кога ќе се сетиш на него.

فوائد الحديث

Објаснување на важноста на намазот и неопходноста да не се занемарува неговото извршување и наклањување.

Не е дозволено намерно одложување на намазот надвор од неговото време без оправдана причина.

Обврска да се клања пропуштениот намаз за оној што заборавил кога ќе се сети, и за оној што спиел кога ќе се разбуди.

Обврска за клањање на пропуштените намази во моментот кога ќе се сети или разбуди, па дури и во забранетите времиња (кога е забрането клањањето).

التصنيفات

Обавезнота на намазот и прописот за оној кој го остава, Грешките на клањачите