Да помине покрај секоја камила и да им го скине ѓерданот од конец и секој друг ѓердан од околу вратот“

Да помине покрај секоја камила и да им го скине ѓерданот од конец и секој друг ѓердан од околу вратот“

Од Ебу Бешир ел Енсари, радијаллаху анху, се пренесува: Во една прилика бил на патување со Аллаховиот Пратеник, алејхи селам, и раскажал: „Аллаховиот Пратеник, алејхи селам, испрати емисар – додека луѓето беа во своите шатори – и му кажа: „Да помине покрај секоја камила и да им го скине ѓерданот од конец и секој друг ѓердан од околу вратот“.

[صحيح] [متفق عليه]

الشرح

Во една прилика кога Аллаховиот Пратеник бил на пат, и додека останатите престојувале во шатори каде што обично одмoрале и спиеле, испратил човек и му наредил да ги извади ѓерданите кои биле закачени за камилите, без разлика дали се работи за обичен конец или пак се работи за конец за лак – за ѕвоно или за папучи. Вака нареди затоа што луѓето ги ставаа за да се заштитат од урок, па им беше наредено секоја да се искине, бидејќи тие (амајлиите) не можат да им бидат од корист, затоа што и коришта и штетата се во Рацете на Аллах, Единствениот, Тој нема здруженик.

فوائد الحديث

Забрането е да ставиме алки, синџири и ѓердани со кои сакаме да привлечеме некоја корист или да одбиеме некоја штета, бидејќи тоа претставува ширк-многубоштво.

Ако ставиме ѓердан, како украс или како ортома за узда со која управуваме со животното, или за да го врземе, тогаш такво нешто не е проблем.

Обврска е да ги осудиме лошите постапки, според можностите.

Должни сме да го врземе срцето со Аллах, Единствениот, Кому му нема рамен.

التصنيفات

Тевхид улухијје- тевхид на обожување