„Кога некој од вас ќе земе абдест и ќе ги облече мествите, нека клања во нив, а при земање абдест нека ги потре одозгора, и не мора да ги соблекува, освен во случај на…

„Кога некој од вас ќе земе абдест и ќе ги облече мествите, нека клања во нив, а при земање абдест нека ги потре одозгора, и не мора да ги соблекува, освен во случај на голема нечистотија.“

Енес, радијаллаху анху, пренесува дека Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Кога некој од вас ќе земе абдест и ќе ги облече мествите, нека клања во нив, а при земање абдест нека ги потре одозгора, и не мора да ги соблекува, освен во случај на голема нечистотија.“

[صحيح] [رواه الدارقطني]

الشرح

Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, објаснува дека ако муслиманот ги облече мествите по земањето абдест, а потоа го изгуби абдесот и сака повторно да земе абдест, може да ги потре мествите ако сака, да клања во нив и да не ги соблекува одредено време, освен ако не стане џунуб-нечист, во тој случај мора да ги соблече мествите и да се избања.

فوائد الحديث

Не е дозволено триење на мествите освен ако се облечени после земање на абдест.

Времетраењето на мествите за тој што е дома е: еден ден и една ноќ, а за патник: три дена и ноќи.

Месх (триењето) на мествите се користи за мала нечистотија, а не за голема нечистотија. Кај голема нечистотија не е дозволен месх, туку мествите мора да се извадат и стапалата да се измијат.

Препорачано е да се клања намаз со облечени обувки, влечки и слично, спротивно на евреите, доколку тие се чисти и не им предизвикуваат вознемиреност и штета на верниците или на џамијата, како што се џамиите со теписи, во тој случај не треба да клањаме во нив.

Месх врз мествите е олеснување за овој умет.

التصنيفات

Месх врз местви (кожни чорапи) и слично