إعدادات العرض
Овие двајца се казнуваат, но не за нешто големо. Едниот се казнува затоа што не се заштитил при уринирање, а другиот се казнува затоа што пренесуваше туѓи зборови
Овие двајца се казнуваат, но не за нешто големо. Едниот се казнува затоа што не се заштитил при уринирање, а другиот се казнува затоа што пренесуваше туѓи зборови
Од Ибн Абас, радијаллаху анху, се пренесува: „Алаховиот Пратеник, алејхи селам, еднаш помина покрај два гроба и рече: ,Овие двајца се казнуваат, но не за нешто големо. Едниот се казнува затоа што не се заштитил при уринирање, а другиот се казнува затоа што пренесуваше туѓи зборови.‘ Потоа зеде свежа палмова гранка, ја преполови и ја забоде во двата гроба по една половина. Асахабите го прашаа: ,О, Аллахов пратенику, зошто го направи тоа?‘ Тој одговори: ,Додека да се исушат ќе им се намали казнувањето.‘“
الترجمة
العربية বাংলা Bosanski English Español فارسی Français Bahasa Indonesia Русский Tagalog Türkçe اردو 中文 हिन्दी Tiếng Việt ئۇيغۇرچە Hausa Português Kurdî മലയാളം Kiswahili Svenska Čeština ગુજરાતી አማርኛ Yorùbá සිංහල ไทย پښتو অসমীয়া دری Кыргызча or नेपाली Malagasy Română Kinyarwanda తెలుగు Lietuvių Oromoo Nederlands Soomaali Shqip Српски Deutsch Українська ಕನ್ನಡ Wolof Moore ქართული Azərbaycan Magyar தமிழ்الشرح
Аллаховиот Пратеник, салаллаху алејхи ве селем, поминал покрај два гроба и рекол: Навистина овие двајца во гробот се казнуваат; но казната не е за некој голем грев според вашето резонирање, но кај Аллах тие се сметаат за големи. Едниот од нив не се грижел да го заштити своето тело и облеката од нечистотијата на урината додека ја извршувал физиолошката потреба, а вториот ги пренесувал зборовите на луѓето, па така ќе пренесуваше зборови од други со цел да направи штета помеѓу нив, и за да се случи недоразбирање или некој инцидент помеѓу луѓето.فوائد الحديث
Пренесувањето на туѓи зборови и негрижа за урината се големи гревови и причина за казнување во кабурот/гробот.
Аллах, Возвишениот, му открил на Веровесникот некои гајб-непознати работи како што е: казнувањето во кабурот, како знак/потврда на неговото пратеништво.
Постапката на ставање гранки на гробот е само за Аллаховиот пратеник, алејхи селам; бидејќи Аллах му ја открил состојбата на умрениот, и не може некој друг според ова да го направи истото дело, затоа што никој не ја знае состојбата на умрените.