„Господарот е најблиску до Својот роб во последниот дел од ноќта

„Господарот е најблиску до Својот роб во последниот дел од ноќта

Од Ебу Умаме се пренесува дека Амр бин Абесе, Аллах нека е задоволен со него, раскажал дека го слушнал Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, како вели: „Господарот е најблиску до Својот роб во последниот дел од ноќта. Ако можеш да бидеш од оние што Го спомнуваат Аллах во тој час, тогаш биди.“

[صحيح] [رواه أبو داود والترمذي والنسائي]

الشرح

Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, известува дека Господарот е најблиску до Својот роб во последната третина од ноќта. Ако ти, о вернику, бидеш упатен и имаш можност да бидеш меѓу оние што Му се покоруваат на Аллах – што клањаат, Го спомнуваат и бараат прошка во овој благословен час – тогаш искористи ја оваа прилика и посветено труди се во неа.

فوائد الحديث

Хадисот е поттик муслиманот да Го спомнува Аллах во последниот дел од ноќта.

Временските периоди се разликуваат според нивната вредност кога станува збор за зикрот, довата и намазот.

Мирк вели во врска со разликата помеѓу зборовите „Господарот е најблиску до Својот роб“ и „Робот е најблиску до својот Господар кога е на сеџда“: Првото укажува на времето кога Господарот е најблиску до робот, а тоа е во последниот дел од ноќта, додека второто укажува на состојбата во која робот е најблизок до Господарот, а тоа е кога е на сеџда.

التصنيفات

Причини за прифаќање и непрофаќање на довата